Агентот за големи облози во Азија и овој ден со неколку предлози ќе ви помогне да се одлучите што да одиграте.
Србија – Швајцарија: Победа или реми на домаќинот
Во последниот натпревар на програмата денеска, Србија се среќава со Швајцарија. Во пресрет на натпреварот доминираат провокациите помеѓу двата табора, поточно помеѓу репрезентативците на Швајцарија кои имаат потекло од Косово и репрезентативците на Србија. „Белите Орли“ како самостојна земја до сега никогаш се немаат пласирано во нок-аут фазата од Светските првенства и ќе имаат шанса за историја доколку вечерва слават над Швајцарија откако претходно во воведниот натпревар триумфираа со 0-1 на Костарика. Швајцарија со победа исто така ќе направи значаен исчекор кон осминафинале откако на дебито во Русија се избори за 1-1 против фаворизираниот тим на Бразил. Двајцата селектори немаат проблем со повредите па се очекува да излезат на терен со најдобрите состави. Крстајиќ сепак би можел да направи една промена и во старниот тим шанса да добие Костиќ на местото на Љајиќ. На мечот нема фаворит, двете селекции имаат подеднаква шанса за победа, и копјата ќе се кршат на средината од теренот, каде во двата состави има неколку квалитетни играчи. Исто така, и Србија и Швајцарија играат сосема солидно во одбрана, па за очекување е тврд натпревар со мал број на погодоци во кој нијасни ќе решаваат.
Допрете го врвот и обложувајте се без лимит и со облози на високи суми во Азија.
Бразил – Костарика: Победа на домаќинот
По киксот во првото коло против Швајцарија, Бразил оди на поправен против Костарика. „Кариоките“ можат да здивнат откако Нејмар ја надмина повредата на која се жалеше и во последните два дена тренираше без проблеми. Тите ќе мора да направи една замена принудно, Данили се повреди и на негово место шанса ќе добие младиот Фагнер. Костарика нема проблеми со повреди и се очекува Рамирез да излезе на терен со истиот тим кој го започна мечот против Србија. Репрезентацијата од Средна Америка сепак имаше турбулентни неколку денови со стории за расправии и поделби во три клана, информации кои подоцна беа негирани. Бразил и Костарика до сега имаат одиграно 10 натпревари, „Кариоките“ имаат девет победи, загуби само еднаш на пријателскиот натпревар во март 1960. На Светските првенства, ова ќе им биде трета пресметка, последната Бразил ја доби со убедливи 5-2 во 2002. „Кариоките“, кој пристигнаа како фаворити за златото во Русија, се уште имаат шанси да го обезбедат првото место во групата, но за тоа потребна им е победа против Костарика. Доколку избраниците на Тите ги повторат воведните минути од мечот со Швајцарија и го задржат тоа ниво во текот на сите 90 минути сигурно без многу проблеми ќе се радуваат на убедлива победа и три бода.
Исланд – Нигерија: Победа или реми на домаќините
Исходот од мечот помеѓу Исланд и Нигерија покрај за овие две земји ќе биде во фокусот и на Аргентинците. Откако „Гаучосите“ вчера загубија со 3-0 од Хрватска, избраниците на Сампаоли се на прагот на елиминација. Аргентина не решава сама во никој случај и ќе треба да се надева на помош во последното коло, но повеќе им одговара реми или победа на Нигерија. Во случај Исланд да победи, „Рибарите“ во последното коло ќе им треба само бод за осминафинале, и со оглед на тоа дека Хрватска сигурно ќе ги одмара најдобрите, оваа цел нема да биде премногу тешка. Но пред да се прават сите финални калкулации, не очлекува интересни 90 минути на Волгоград Арена. Исланд ќе се обиде да ја забележи првата победа на Светските првенства откако со храбра игра и солидна дефанзива се изборија за бод против големата Аргентина. Нигерија пак ќе се обиде да го подобри впечатокот откако на стартот загуби од Хрватска. Халгримсон би можеч да направи една промена во составот, Гудмунсон е под занк прашалник поради повреда, додека пак неговиот колега Рор нема проблеми од ваков карактер, но и тој би можел да направи одредени измени откако неколку играчи не одиграа на потребното ниво против „Коцкастите“. Фаворит на овој меч нема, детали ќе решаваат и оној тим кој ќе направи помалку грешки ќе излезе како победник.
Дали барате место за да ставите облози на некој од погоре наведените натпревари? Или можеби на сите од нив? Сега имате можност за добитни облози во Сингбет без неважечки со BET-IBC.