BET-IBC совети за обложување: Сите очи вперени кон Киев, Реал на мегдан со Ливерпул во финалето од ЛШ

by
4 минути читање

Бидете број 1 во
обложувачкиот свет и ставете големи облози во Азија.

Реал Мадрид –
Ливерпул: Двата тима даваат гол

Во најголемиот
натпревар оваа сезона, Реал Мадрид и Ливерпул се среќаваат во Киев во финалето
од Лигата на шампионите. „Црвените“ ќе се обидат да го симнат шампионот од
тронот додека пак „Кралевите“ ќе атакуваат на трета титула во низа. Јирген Клоп
нема проблеми со повредени играчи, па тешко дека ќе има изненадувања во
стартниот состав на тимот од Енфилд. Мане, Фирмино и Салах треба да бидат во
нападот, Милнер, Хендерсон и Вајналдум во средниот ред а Робертсон, Ван Дајк,
Ловрен и Александер Арнолд пред голманот Кариус. Зинедин Зидан исто така нема
повреди, но кај Французинот има одредени прашалници за почетните единаесет.
Бејл беше замена против Баерн Минхен во полуфиналето, но со добрите игри во Ла
Лига сериозно се наметнува. Па големи се шансите на Олимпискиот стадион од
првата минута да се појави популарното трио „ББЦ“. Со оглед на тоа дека двата
тима се офанзивни и ранливи во одбраната, големи се шансите финалето од Лигата
на шампионите да биде прилично отворено и фудбалските љубители да уживаат во
меч со многу погодоци.

Бесплатната платформа за обложување ви овозможува најдобри коефициенти и највисоки граници
и во помали лиги.

Астон Вила –
Фулам: Помалку од 2,5 погодока

Можеби за
фудбалските љубители сите погледи ќе бидат вперени во Киев, но за фановите на
Фулам и Астон Вила во главен фокус е пресметката на Вембли. Денеска се дознава
последниот патник во Премиерлигата, а победникот покрај тоа што ќе има прилика
следната сезона да игра во елитата го чека и голема парична награда. Поради
богатиот договор за ТВ права, премијата за промоција е најголема во светот на
фудбалот. Победникот на Вембли ќе си обезбеди приход од околу 170 милиони фунти
во следните три сезони, а оваа сума може да порасене и на 280 милиони фунти
доколку биде обезбеден опстанок во Премиерлигата следната сезона. Фулам нема
проблеми со повредите, па Јокановиќ со најсилен тим ќе се обиде да го врати
тимот од Лондон во Премиерлигата по пауза од четири години. Асто Вила пак има
еден прашалник при изборот на стартниот тим, дефанзивецот Елмохамади бележи
добар прогрес и би требало да биде стартер, но доколку не се опорави на време,
Бри ќе истрча место него. Што се однесува до меѓусебните пресметки од оваа
сезона, Фулам со 2-0 славеше пред своите фанови а и Астон Вила ја искористи
предноста на домашен терен за триумф од 2-1. Во полуфиналните пресметки немаше
многу погодоци, па за очекување и денеска да видиме претпазлива игра и
натпревар во кој големи се шансите еден гол да го реши победникот.

Палмеирас – Спорт
Ресифе: Победа на домаќините

Во 7. коло од
првенството на Бразил, Палмеирас го пречекува Спорт Ресифе на Алианц Парк во
Сао Пауло. Уште пред да почне натпреварот имаше мала контроверзија. Гостите
побараа мечот да биде одложен поради штрајкот на камионџиите. Летот со кој
Спорт Ресифе требаше да допатува во Сао Пауло поради недостаток на гориво беше
одложен неколку часа и експедицијата на гостите пристигна доцна во петокот.
Спрот Ресифе се жалеше дека играчите немале доволно време да се опорават од
летот. Сепак, Фудбалската федерација на Бразил не одговори позитивно на
барањето па мечот треба да се одигра. Во пресрет на ова коло, Палмеирас е на
четвратата позиција на табелата, но може да биде лидер по крајот на викендот
доколку триумфира над Спорт Ресифе но и другите резултати му одат во прилог (да
има реми на дербито помеѓу Атлетико МГ и Фламенго а Коринтијанс да не го победи
Интернасионал. Што се однесува до Спортинг, со осум освоени бода се наоѓа на
12. позиција на табелата. Минатата сезона, Палмеирас дома го прегази Спорт
Ресифе со 5-1 па затоа важи за голем фаворит. Исто така, од последните пет
пресметки, дури четири завршиле со победа на Палмеирас.

Дали барате место
за да ставите облози на некој од погоре наведените натпревари? Или можеби на
сите од нив? Сега имате можност за добитни облози во Азија со BET-IBC.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани