BET-IBC совети за обложување: Сите очи вперени кон Камп Ноу време е за „Ел Класико“

by
5 минути читање

Дали барате место
за да ставите облози на некој од подолу наведените натпревари? Или можеби на
сите од нив? Сега имате можност за
добитни облози во Азија со BET-IBC.

Барселона – Реал
Мадрид: Двата тима даваат гол

И покрај тоа што
„Каталонците“ ја освоија титулата во Примера, Барса и Реал Мадрид има за што да
се борат на 238. „Ел Класико“. Избраниците на Ернесто Валверде се на чекор до
историски подвиг и да ја завршат целата сезона без пораз. Задоволството кај
„Кралевите“ сигурно ќе биде големо доколку го спречат лутиот ривал во ова. Исто
така Зидан и неговите избраници сигурно ќе сакаат да се одмаздат за поразот од
0-3 од првиот дел од сезоната. Домаќините немаат проблем со повреди, Иниеста се
жалеше на болки во листот на ногата но Шпанецот треба да биде подготвен за
натап, додека пак кај гостите под знак прашалник се Иско и Карвахал, кои го
пропуштија реваншот против Баерн Минхен во Лигата на шампионите. Пресметките
помеѓу Барса и Реал Мадрид речиси секогаш се возбудлив спектакл, последен пат
овие два тиме одиграле 0-0 во првенството дури во 2002 па за очекување е уште
една интензивна пресметка со голови. На девет од последните десет меча имало
најмлалку три гола, а на дури осум од нив се треселе двете мрежи. Барса во
своја корист ги реши последните две пресметки во првенството, но за Реал е
охрабрувачко тоа што игра подобро на гости и бележи добри резултати на Камп
Ноу. „Каталонците“ за последен пат пред своите фанови триумфираа над Реал
Мадрид пред повеќе од три години.

Челзи – Ливерпул:
Победа на домаќините

Во последниот
натпревар од 37. коло во Премиерлигата, Челси го пречекува Ливерпул во клучен
натпревар за домаќините во трката за топ четири пласман. Доколку „Сините“
сакаат следната година да настапуваат во Лигата на шампионите, мораат да
победат на сите свои натпревари до крајот на сезоната и да чекаат кикс на
ривалите. Тотенхем има пет бода повеќе, а Ливерпул шест, па победа на Стемфорд
Бриџ против „Црвените“ значително ќе им ги зголеми шансите. За Ливерпул
веројатно и бод ќе биде доволен, а три дефинитивно ќе им осигура топ четири
пласман. Гостите сигурно ќе пристигнат во Лондон во позитивна атмосфера откако
се пласираа во финалето од Лигата на шампионите, но избраниците на Клоп во исто
време ќе бидат и заморени по тешкото гостување во Рим и поразот од 4-2 во
дуелот со Рома. Последните две пресметки помеѓу овие два противника завршија со идентични 1-1, но Ливерпул претходно забележа две победи по ред на Стемфрод
Бриџ и доколку триумфира попладнево, ќе стане првиот тим по Блекбурн (од
1993/94 до 1995/96) кој успеал во три наврати во серија да победи на
гостувањето кај Челзи. Но за да се случи ова, Клоп ќе треба да ја среди
одбраната и да ги „закрпи“ дупките бидеќи неговиот тим прими осум гола на
последните четири натпревари. Од друга страна, „Сините“ имаат четири победи во
низа па влегуваат како благ фаворит.

За да заштедите
време, можете да се обложувате на повеќе сметки со регистрирање на
најдобриот софтвер за обложување.

Каљари – Рома:
Победа на гостите

„Волчицата“ брзо
треба да го заборави разочарувањето од Лигата на шампионите и елиминацијата во
дуелот со Ливерпул и покрја тоа што дома победија со 4-2. Рома заслужи повеќе
откако не им беа досудени два пенали, играчите сигурно се уште се немаат
помирено со ова, па Ди Франческо ќе треба да се осигура дека неговите избраници
ќе бидат максимално фокусирани за незгодното госување на Сардинија. Каљари има
само една победа на последните седум меча, и ваквата лоша форма ги донесе на
само два бода над зоната за испаѓање и постои опасност од преселба во Серија Б.
Домаќините се соочуваат со доста проблеми во изборот на составот, дефанзивецот Кастан
е суспендиран поради црвен картон исто како и фудбалерот од средниот ред
Чигарини, а Лопез не може да смета ниту на Жоао Педро кој е суспендиран поради
допинг. И Рома има неколку прашалници, Стротман е повреден а ветеранот Де Роси
веројатно ќе добие одмор па гостите ќе имаат промени во средниот ред. Пероти се
уште е надвор од стројот, па младиот Џенгиз се очекува да добие шанса пред Ел
Шарави. Рома ја доби првата пресметка оваа сезона со минимални 0-1, а
„Волчицата“ славеше и на четири од последните пет меча, па влегува како голем
фаворит. Трите бода се потребни за топ четири финиш на табелата и местата кои
носат во Лигата на шампионите, па за очекување е гостите да се враат во Рим со
цел плен.

Допрете го врвот
и обложувајте се без лимит и со облози на високи суми во Азија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани