Дали барате место за да ставите облози на некој од подолу наведените натпревари? Или можеби на сите од нив? Најдобриот букмејкер агент ви го дава решението.
Лацио – Рома: Двата тима даваат гол
Овој викенд на програмата во Калчото има две дерби пресметки од кои едната е помеѓу лутите градски ривали Лацио и Рома. Рим ќе гори, Олимпико ќе биде исполнет до последното место, а спектаклот треба да биде зачнет со непоштедна борба на играчите долу на теренот. Двата тима имаа луда недела во Европа. Најпрво Рома со 3-0 славеше над Барселона и направи сензација и пласман во полуфиналето од Лигата на шампионите. Потоа Лацио доживеа шок во Лига Европа, прими три гола за четири минути на гостувањето кај Салцбург и го заврши настапот најмасовното натпреварување на стариот континент. На седум кола до крајот во Серија А, ништо не ги дели Лацио и Рома на табелата, двата тима имаат по 60 бодови, исто колку што има и 5-пласираниот Интер. Психолошката предност е на страната на гостите, а „Волчицата“ имаше и повеќе време за одмор. Но ова е специјален меч, кој можат да го решат ситни детали, па нема фаворити. На последните осум пресметки, Рома славеше дури во шест навради, додека пак Лацио може да се пофали само со две победи. Првата пресметка оваа сезона и припадна на Рома, па „Бјанкочелестите“ сега ќе бараат одмазда. На последните три меча имаше повеќе од 2,5 погодока, а и двата тима постигнуваа гол, па се е подготвено за уште еден ваков натпревар.
BET-IBC исто така ви нуди шанса да се обложувате на најдобрите коефициенти.
ПСЖ – Монако: Повеќе од 2,5 погодока
33. коло во Лиг 1 го носи дуелот на двете водечки екипи, ПСЖ на Паркот на Принцовите го пречекува Монако. Клубот од малото кнежевство минатата година на големо изненадување стана шампион на Франција и ја прекина доминацијата на „Светците“ од четири години, но ПСЖ сега одново ќе се врати на транот, и тоа може да го стори уште вечерва со победа над ривалот. Ова ќе биде четврта пресметка оваа сезона, а ПСЖ ги доби трите пертходно, најпрво во Суперкупот, потоа славеше на Луј Втори во првенството, а пред две недели триумфираше со 3-0 во финалето на Лига Купот. Избраниците на Емери имаат 100% учинок на домашен терен и 16 победи, па тоа ги прави голем фаворит и покрај тоа што Монако се наоѓа во серија од 17 натпревари без пораз, а за последен пат во Париз загуби во 2007. Добра вест за домаќините е тоа што за овој меч во комбинација е Килијан Мбапе, кој ќе се обиде уште еднаш да го фрли на колена својот поранешен клуб. Емери ќе ги има на располагање и Дани Алвеш и Јулијан Дракслер додека пак Верати ќе биде отсутен како и Нејмар, кој подолго време е надвор од стројот. И Жардим се соочува со одредени проблеми со повреди, Глик, Кеита и Јоветиќ се под знак прашалник. Но и без овие играчи, двајцата терени имаат доволно квалитет во своите тимови за на теренот да испратат единаесетмина кои ќе приредат спектакл и натпревар со многу погодоци.
Шалке – Борусија Дортмунд: Двата тима даваат гол
Шалке по 174. пат ќе ги одмери силите со Борусија Дортмунд во големото локално дери. Натпреварот е повеќе од тоа кој е главен во Рур со оглед на тоа дека двата тима се борат за пласна во Лигата на шампионите и на табелата двата тима ги дели еден бод. Домаќините по поразот од Баерн влегоа во одлична серија и забележаа шест победи во низа, но неочекувано загубија минатото коло од последно пласираниот Хамбургер. Дортмунад пак на последните 14 натпревари има само еден пораз, оној понижувачкиот од 6-0 во дуелот со Баерн Минхен, но раните беа залечени со сигурен триумф од 3-0 над Штутгарт. Но формата не е толку важна кога се работи за овој дуел, моментална испирација на крилјата на фанатичните навивачи може да сначи многу. Првиот меѓусебен дуел оваа сезона беше неверојатен и сигурно ќе се прераскажува долги години. Борусија Дортмунд имаше високи 4-0 по само 25. минути игра. И кога сите очекуваа убедлива победа на домаќините, Шалке во вториот дел имаше ретко виден камб-бек и со голот на Налдо во 94. минута се избори за 4-4. Ова беше прв пат во историјата некој тим да се врати од негатива од четири гола. Фудбалските љубители немаат ништо против да видат уште еден ваков меч. На четири од последните пет дерби дуели се треселе двете мрежи па за очекување е уште еден ваков натпревар.
За да заштедите време, можете да се обложувате на повеќе сметки со регистрирање на VIP платформа за обложување.