Најдобриот Азиски брокер за обложување и овој ден со неколку предлози ќе ви помогне да се одлучите што да одиграте.
Сент Етјен – ПСЖ: Над 2,5 погодоци
На отварањето на 32. коло во Лиг 1, ПСЖ гостува на Стад Жофроа Гишар. „Светците“ имаат прилика уште овој викенд да стигнат до титулата доколку триумфираат над Сент Етјен а Монако загуби дома од Нант. Минатата година на ова гостување ПСЖ триумфираше со високи 5-0, а избраниците на Емери беа убедливи и на правата пресметка од оваа сезона, кога триуфмираа со 3-0. Но овој меч се очекува да биде сосема поразличен. Парижаните ќе мораат без неколку играчи, Нејмар од поодамна е повреден а на оваа листа се придодадоа и имињата на Дани Алвеш, Марко Верати и Јулијан Дракслер додека пак Тиаго Мота е суспендиран. Исто така Сент Етјен игра во одлична форма под водство на Гасе. Кога тој го превзеде кормилото на тимот пред Божиќ, Сент Етјен грчевито се бореше да биде над местата кои носат испаѓање. Но Сент Етјен во 2018 игра како препореден, освои 22 бода од 12 натпревари (четврто најдобро постигнување во Лиг 1 оваа календарска година) и има шанси да се замеша во трката за место во Европа. ПСЖ доби дури 11 од последните 12 пресметки со Сент Етјен, „Зелените“ последен пат на домашен терен триумфираа во 2008, па затоа „Светците“ влегуваат како голем фаворит во овој меч. Лидерот исто така има 9 победи во низа во домашното првенство, а на 9 од последните 10 натпревари во сите конкуренции има повеќе од 2,5 погодока, па се очекува и вечерашната пресметка да заврши со сличен исход.
Хановер – Вердер Бремен: Победа или реми за гостите
Хановер е во слободен пат и ризикува да биде вовлечен во битката за опстанок по серијата лоши резултати. „96те“ речиси два месеци се немаат израдувано на победа, имаат низа од пет порази па на шест кола до крајот се наоѓаат на шест бода од местото кое носи плеј-оф. Формата на нивниот вечерашен пртивник пак е сосема спротивна. Вердер во минатото коло со 2-1 славеше над Ајнтрахт Франкфурт и сега има серија од пет натпревари без пораз. Кога Кохфлед го превзеде кормилото на тимот во ноември, „Зелено-белите“ беа на претпоследни на табелата, но 35 годишниот стратег ги консолидираше редовите и Вердер Бремен сега е на безбедна позиција, па за добро зработенаа задача, Кохфлед доби нов договор со трајност до 2021. Хановер покрај лошата форма се соочува и со други проблеми, има долга листа со повреди како и недоразбирање со фановите. Сето ова дополнително им ја отежнува задачата, особено сега кога се на чекор до испишување на негативен рекорд, ниту еден тим во Бундеслигата оваа сезона нема забележано шест порази во серија. Вердер за овој натпревар пак е сосема релаксиран, и затоа гостите би можеле да играат без притисок и да стигнат до позитивен резултат.
BET-IBC ви овозможува најдобри коефициенти и највисоки граници и во помали лиги преку Skype обложување.
Кардиф – Вулверхемптон: Двата тима даваат гол
Во големото дерби на двете најдобри екипи во втората лига на Англија, Кардиф го пречекува Вулверхемптон. Иако двата тима се уште немаат обезбедено сигурна промоција во Премиерлигата, тие се на добар пет следната сезона да играат во елитата. Волците“ влегуваат како благи фаворити, но статистиката не е на нивната страна. Домаќините се тимот со најдобра форма во моментов, со девет победи и два нерешени резултати од последните 11 средби, а го имаат и најдобриот скор на домашен терен во Чемпионшип. Гостите пак по поразите од Астон Вила и Фулам, ги консолидираа редовите и забележаа три победи и едно реми, а „Волците“ за овој меч ќе можат да сметаат и на Рубен Невес, кој е номинар за играч на сезоната. Кардиф ја доби првата пресметка оваа сезона, како гостин триумфираше со 1-2. Ова беше четврта победа над Вулверхемптон во последните пет натпревари. На средбите на овие два тима секогаш имало погодоци, дури на четири имало над 2,5 гола, а на исто толку натпервари се тресела мрежата на двата тима. На четири од последните пет натпревари на Волверхемптон во Чемпионшип имало повеќе од 3,5 гола, а слична е статистиката и од мечевите на Кардиф, на последните пет натпревари паѓале голови на двете страни.
Башакшехир – Јени Малатиаспор: Победа на домаќините
Истанбул Башакшехир го пречекува Јени Малатиаспор на отварањето на 28. коло во Тото Супер Лигата. Домаќините се на еден бод зад лидерот Галатасарај и ќе се обидат со триумф пред своите фанови превремено да се искачат на врвот и да извршат притисок врз ривалите во пресрет на големата пресметката следното коло. Адебајор треба да го предводи нападот на Башакшехир, а Туран да игра зад него и да биде задолжен за разигрување на своите соиграчи. Овие два противника се имаат сретнато само еднаш до сега, во првиот дел од сезоната, тогаш Башакшехир славеше со 0-2. Па избраниците на Бурук и вечерва се големи фаворити и се освен три бода ќе биде неуспех. Башакшехир на последните десет натпревари како домаќин има осум победи, еден пораз и едно реми со гол разлика 23-7. Јени Малатиаспор пак се мачи на гостувањата, каде на последните десет меча има само три победи и сите со идентични 0-1. Проблем е реализацијата и постигнатите скромни шест гола. Јани Малатиаспор со вакви бројки нема што да бара во Истанбул, па се очекува Башакшехир без многу мала да стигне до три бода.
Дали барате место за да ставите облози на некој од погоре наведените натпревари? Или можеби на сите од нив? Најдобриот букмејкер агент ви го дава решението.