BET-IBC совети за обложување: Мурињо го крши проклетството наречено Сент Џејмс Парк

by
4 минути читање

Њукасл –
Манчестер јунајтед: Победа на гостинот

Второпласираниот
Манчестер јунајтед му гостува на Њукасл, кој се наоѓа во долниот дел на
табелата, веднаш над зоната за испаѓање. Доколку се суди според табелата,
„Ѓаволите“ не треба да имаат многу проблеми, но Жозе Мурињо знае дека воопшто
нема да биде така. За човек кој бележел големи успеси во Англија, помеѓу кои и
три трофеи од Премиерлигата, прилично изненадувачки е фактот дека
„Специјалниот“ нема победа на Сент Џејмс Парк. Португалецот на шест гостувања
кај Њукасл се нема радувано, во три наврати си заминал како
поразен, а во три наврати само со еден бод. Па Жозе Мурињо се надева дека овој
викенд конечно ќе го скрши проклетството и тоа против неговито стар ривал Рафа
Бенитез.

Валенсија –
Леванте: Победа на домаќинот

Новото коло од
Примера го носи локалното дерби помеѓу Валенсија и Леванте. „Лос Че„ е во
криза, на последните шест натпревари во сите конкуренции реди само порази, па
нема подобар начин за излез од кризата со триумф во градското дерби. Леванте во
минатото коло приреди изненадување откако во 89. минута се избори за бод
против големиот Реал Мадрд, па тимот на нашиот Енис Барди се надева дека ќе
може да шокира уште еден фаворит. Но тоа тешко дека ќе се случи, Валенсија ги
доби последните три дерби пресметки на домашен терен и тоа без да прими гол.

Лион – Рен:
Победа на домаќинот

По големиот
триумф над ПСЖ пред 20 дена, Лион малку се опушти па дозволи да му избегаат
противниците во битката за топ три финиш и местата кои водат во Лигата на
шампионите. Па избраниците на Женесио немаат право на кикс на дуелот со Рен,
екипа која во моментов е на средината од теренот, далеку од битката за излез во
Европа и на сосема безбедна разлика од зоната за испаѓање. Домаќините немаат
пробелеми со повреди, па ќе истрчаат со најсилен состав и уште од првата минута
ќе атакуваат на трите бода, кои се очекува на крајот и да ги освојат.

Рома – Беневенто:
1-1

Во последниот
натпревар од колото во Серија А, Рома на Олимпико го пречекува новајлијата
Беневенто. „Вештерките“ се заковани на дното со само 7 бодови и ретко кој
очекува тие да се спасат од испаѓање. За разлика од нив „Волчицата“ се бори за
топ четири пласман и место во Лигата на шампионите. Рома со победа има шанса да
го прескокне градскиот ривал Лацио, а во зависност од резултатот на
натпреварот помеѓу Интер и Болоња, „Џалоросите“ од утре би можеле да бидат и на
третото место на табелата. Разликата во квалитет помеѓу двата тима е голема, па
Рома треба уште во првото полувреме да ја осигура победата.

BET-IBC е активен повеќе од 10 години, нуди
беспрекорна услуга и врвно обложувачко искуство од нова генерација.

Па не размислејте
повеќе, отворете сметки за
обложување преку www.bet-ibc.com и уверите се
сами дека BET-IBC е најдобар и
најпрофесионален брокер за онлајн обложување.

BET-IBC исто така нуди и подарок за играчи на
високи износи
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани