Агентот за големи облози во Азија и овој ден со неколку предлози ќе ви помогне да се одлучите што
да одиграте.
Брајтон –
Манчестер јунајтед: Помалку од 2,5 гола
Во првиот
натпревар од 37. коло во Премиерлигата, Брајтон го пречекува Манчестер
јунајтед. „Ѓаволите“ играат за да ја осигураат втората позиција на табелата
додека пак домаќините сакаат што поскоро да си обезбедат опстанокот. „Галебите“
имаат +5 во однос на зоната за испаѓање и доколку вечерва го изненадат
фаворитот ќе си обезбедат нов настап во елитата. Хатон го има целиот тим на
располагање додека пак Мурињо ќе треба да се снаоѓа без првиот стрелец Лукаку.
Напаѓачот се повреди на дуелот со Арсенал минатото коло и ќе мора да го
прескокне вечерашниот дуел. Брајтон и Манчестер јунајтед веќе се сретнаа два
пати оваа сезона, „Ѓаволите“ ги добија и двете пресметки, најпрво славеа со 1-0
во ноември во Премиерлигата и потоа со 2-0 во четвртфиналето од ФА Купот во
март. Брајтон може да се пофали дека оваа сезона го победи Арсенал и ремизираше
со Тотенхем пред своите фанови, па домаќините се надеваат дека ќе го намачат и
најтрофејниот клуб во Англија. Но Манчестер јунајтед игра во добра форма во
последно време. Доколку се тргне киксот против ВБА, избраниците на Мурињо можат
да се пофалат со победи над Арсенал, Тотенхем и Манчестер Сити. За очекување е
тврд натпревар со многу борба и малку голови.
Дури четири од последните пет натпревари на Брајтон завршија со помалку
од 2,5 погодока, а вков беше исходот и на двата меча кои веќе ги одиграа
„Галебите“ и Манчестер јунајтед оваа сезона.
Севиља – Реал Сосиедад:
Двата тима даваат гол
Севиља со нов
тренер на клупата го пречекува Реал Сосиедад. Хоакин Капарос по речиси 13
години одново ќе стои покрај аут линијата и ќе го предводи домашниот тим на
Рамон Санчез Писхуан. По фамозната победа на Олд Трафорд во Лигата на
шампионите со која го елиминираа противникот, „Андалузијците“ на девет
натпревари во низа не знаат за триумф па лошата серија придонесе тренерот
Винченцо Монтела да добие отказ. Севиља не само што ги загуби шансите да игра
во најелитното европско натпреварување и следната сезона, сега со уште неколку
екипи се бори за седмата позиција на табелата која носи во квалификациите од
Лига Европа. Можеби Севиља е во најдобра позиција, но на домаќините очајно им
треба победа, во случај на пораз вечерва, ќе бидат прескокнати на табелата и од
Реал Сосиедад. Гостите пак од друга страна играат во одлична форма, на
последните пет натпревари имаат четири победи и на овој натпревар влегуваат по
голем триумф во градското дерби со Атлетик Билбао. Сепак избраниците на Алгвасил
не можат да се пофалат со добри резултати на гостувањата каде имаат само една
победа на последните 13 средби во Примера надвор од Аноета. Севиља има многу
дупки во одбраната во последно време, а стрелците на Реал Сосиедад се
расположени па за очекување се погодоци. Првата пресметка оваа сезона заврши со
резултат 3-1, а на дури три од последните пет меча двете мрежи се треселе, па
за очекување е уште еден ваков натпревар.
Допрете го врвот
и обложувајте се без лимит и со облози на високи суми во Азија
Амиен – ПСЖ:
Повеќе од 2,5 гола
„Светците“ од
поодамна ја осигураа титулата во Франција па сега играат само за рекорди и
историја. Доколку вечерва победат на Стад де ла Ликорн ќе се доближат на
рекордот од 96 бодови во Лиг 1 и ќе останат на пат кон 100 бода. Емери го
потврди она што се навестуваше подолго време, стратегот заминува по крајот на
сезоната па ПСЖ сака да го испрати тенерот на најдобар можен начин. Гостите ќе
бидат без Тиаго Силва, Јулијан Дракслер и Марко Верати, а со оглед на тоа дека следниот
вторник го имаат финалето од Купот на Франција, можно е да има одредени промени
во составот и покрај тоа што на Стад д Франс за противник ќе имаат третолигаш. Амиан
пак е на чекор да се избори за уште една сезона во елитата, домаќините имаат +9
на три кола до крајот и супиорна гол разлика во однос на Троја и Лил. Амиен и
ПСЖ се сретнаа два пати оваа сезона, на стартот ПСЖ славеше со 2-0 во
првенството а истиот резултат беше и кога на почетокот од годината се сретнаа
во купот. Без разлика на се, „Светците“ се голема фаворит и ќе атакуваат на
трите бода од самиот старт. Со оглед на тоа дека натпреварот нема некое големо
резултатско значење за два тима, за очекување е отворена средба која треба да донесе
офанзивен фудбал и голови.
Дали барате место
за да ставите облози на некој од погоре наведените натпревари? Или можеби на
сите од нив? Сега имате можност за добитни облози во Сингбет без неважечки со BET-IBC.