BET-IBC совети за обложување: Милан во обид да му ги поремети шампионските планови на Јувентус

by
6 минути читање

Дали барате место
за да ставите облози на некој од подолу наведените натпревари? Или можеби на
сите од нив? Најдобриот букмејкер агент ви го дава решението.

Јувентус – Милан:
Помалку од 2,5 гола

Во еден од
најголемите дуели во Серија А, Милан вечерва гостува во Торино кај Јувентус. „Росонерите“ можеби не се борат за титулата, но можат да им ги поматат сметките
на домаќините. „Старата Дама“ долго време го бркаше Наполи, но сега е лидер
на табелата со два бода повеќе од „Наполитанците“. Сепак работите можат да се
променат доколку избраниците на Масимо Алегри не триумфираат. Јувентус
доби дури девет од последните десет пресметки со Милан, но „Росонерите“ нема
лесно да се предадат. Џенаро Гатузо ги консолидираше редовите па
неговите избраници на последните десет меча во Серија А имаат осум победи и два
нерешени резултати и се во серија од пет триумфи. „Црвено-црните“ покажаа
карактер минатото коло кога против Киево се вратија од негатива и со пресврт во
вториот дел стигнаа до три бода и стигнаа до местата кои водат во Европа. Милан
исто така постигнува барем по еден гол на последните десет средби, но од друга
страна Јувентус нема примено гол на дест натпревари во низа во Серија А, односно
нема примено гол во домашниот шампионатот од стартот на 2018. Па за очекување е
неизвесен натпревар во кој ќе нема повеќе од 2,5 гола. Ваков е исходот на осум
од последните дест натпревари на Јуве во Калчото, како и првата пресметка
помеѓу овие два тима оваа сезона.

Баерн Минхен –
Борусија Дортмунд: Двата тима постигнуваат гол

Во уште еден „Дер
Класикер“, Баерн на Алианц Арена го пречекува големиот ривал Борусија Дортмунд.
Домаќините имаат комфорно водство на врвот од 17 поени, нивната доминација и
лошата форма и проблемите со кои се соочуваат „Милионерите“ можеби ја намалија
возбудата која владееше во минатото околу овој меч, но се очекува актерите на
теренот да приредат нов спектакл. Баерн во вторник има средба со Севиља во
Лигата на шампионите, но и покрај тоа Хајнкес планира да извади силен состав и
да атакува на победа од првата минута. „Баварците“ имаа шанса уште денеска да и
се радуваат на титулата, но за тоа најпрво Фрајбург ќе треба да му откине
бодови на Шалке, а потоа тие сами да ја довршат работата и да триумфираат над Борусија
Дортмунд. Баерн на домашен терен ја нема освоено титулата од 2000-та. Гостите
за овој меч веројатно ќе бидат без Марко Ројс, кој одново се мачи со ситна
повреда и оваа недела не тренираше, а неговото место во тимот најверојатно ќе
го завземе талентираниот Пулишиќ. „Милионерите“ под водство на Штегер немаат
пораз, но веројатно таа серија ќе заврши денес. Сепак гостите нема лесно да се
предадат и се очекува барем еднаш да ја затресат мрежата на Баерн. Дортмунд од
13 гостувања оваа сезона во Бундеслигата, постигна гол на дури 12, а ја тресе
мрежата и на последните шест гостувања на Алианц Арена. Последните пет
меѓусебни пресметки носеле доста погодоци па за очекување и вечерва да има голови и тоа во двете мрежи.

BET-IBC ви
овозможува најдобри коефициенти и највисоки граници и во помали лиги преку
Skype обложување.

Евертон –
Манчестер Сити: Двата тима даваат гол

Пеп Гвардиола
пристигнува на Гудисон Парк со желба да се одмазди за срамниот пораз од
минатата сезона кога „Карамелите“ со 4-0 триумфираа над Манчестер Сити и на
Шпанецот му го нанесоа најтешкиот пораз во кариерата. Но овој тим на
„Граѓаните“ е многу поразличен, игра извонреден фудбал и сигурно чекори кон
титулата во Премиерлигата. На Манчестер Сити му требаат уште шест бода за да стане
шампион, и гостите ќе сакаат со триумф над Евертон да си обезбедат уникатна
шанса во следното коло против лутиот градски ривал Манчестер јунајтед да се
радуваат на трофејот. Првиот дуел оваа сезона заврши нерешено, а таков беше
исходот и на уште два од последните четири пресметки, па Евертон се надева дека
одново ќе му се испречи на патот на фаворитот и ќе го оневозможи Пеп да
стигне до постигнувањето на Жозе Мурињо и Алекс Фергусон. Имено, само
„Специјалниот“ и легендарниот Ферги имаат забележано победа против сите
останати тимови во една сезона. Манчестер Сити во мислите ќе го има и мечот со
Ливерпул во Лигата на шампионите, па Евертон и Сем Алардајс тука можат да ја
бараат својата шанса за да извадат добар резултат.

ПСЖ – Монако:
Победа на домаќините

Во Бордо, водечките
две екипи во Лиг 1, ПСЖ и Монако ќе ги одмерат силите за титулата во Лига Купот
на Франција. Овој дуел практично е реприза на минатогодишното финале, кое
„Светците“ го добија со убедливи 4-1. За Парижаните тоа беше четврт трофеј во
низа, и вечерва ќе бркаат рекорден петти успех. Од друга страна, Монако ќе се
обиде за прв пат по 2003 да се радува на триумф во Лига Купот. За ПСЖ главната
цел оваа сезона беше Лигата на шампионите, но по раната елиминација од Реал
Мадрид во осминафиналето, Емери ќе се обиде да ја заврши сезоната со утешната
тројна круна, односно триумф во првенството, Купот на Франција и Лига Купот.
Како што кажа самиот Марко Верати, „Светците“ имаат обврска да триумфираат над
Монако во финалето. ПСЖ и за овој натпревар ќе биде без повредениот Нејмар, кој
од родниот Бразил ќе го следи натпреварот, но и покрај тоа лидерот во Франција
има доста квалитетни играчи кои можат да му создадат главоболки на противникот.
Во 2017, ПСЖ и Монако пет пати ги одмерија силите, и на четири од овие
натпревари имаше повеќе од три гола, а на исто толку мечеви и двата тима
постигнуваа погодок. Исто така, ПСЖ доби четири од овие пет пресметки и една
заврши нерешено.

Бидете број 1 во
обложувачкиот свет и отворете обложувачка сметка со најдобриот Азиски брокер за
обложување.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани