BET-IBC совети за обложување: Македонија со триумф над Азербејџан ја потврдува добрата форма

by
4 минути читање

Најдобриот Азиски брокер за обложување и овој ден со неколку предлози ќе ви помогне да се одлучите што да одиграте.

Азербејџан – Македонија: Победа на гостинот

„Црвено-жолтите“ го играат вториот контролен натпревар во Антлија, денешен противник е Азербејџан. Македонија во петокот одигра 0-0 против Финска во тврд натпревар, па избраниците на Игор Ангеловски сега ќе се обидат со победа да ги завршат овие мини подготовки, кои служат за склопување на коцките пред стартот на Лигата на Нации, новото натпреварување на УЕФА преку кое ќе бркаме пласман на ЕВРО 2020. Македонија влегува како благ фаворит во овој дуел, со традицијата на нашата страна. Од 2000 па наваму имаме одиграно шест натпревари против Азербејџан од кои на дури пет Македонија забележа победа и еден заврши нерешено. На последната пресметка одиграна во мај 2016, „Црвено-жолтите“ триумфираа со 3-1. Што се однесува до моменталната форма, Азербејџан на последните 10 натпревари има дури седум порази, две победи и една нерешена средба. Победите дојдоа против репрезентации како Сан Марино и Катар. Македонија пак изминативе 12 месеци има само еден пораз, од Шпанија, пет победи и четири нерешени средби. Одличната серија започна со триумф над Лихтенштајн, па  „Цервено-жолтите“ ќе сакаат на оваа добра низа да надоврзат уште еден триумф и со победа против еден од носителите на ждрепката во Лигата на Нации да потврди дека има капацитет да се избори за историски успех.

Шпанија – Аргентина: Двата тима даваат гол

Шпанија и Аргентина денеска продолжуваат со подготовките за Светското првенство, двата гиганта ќе ги одмерат силите на Ванда Метрополитано. Последен пат овие два пртивника се имаат сретнато пред осум години, тогаш „Гаучосите“ триумфираа со 4-1. Аргентина исто така во петокот славеше над Италија без Лео Меси во тимот, но и покрај тоа вечерва „Црвената фурија“ ја има улогата на фаворит. Се очекува Лупатеги и Сампаоли да направат одредени промени во составот, но двајцата селектори имаат доволно талент на располагање да излезат на теренот со квалитетен тим. Лео Меси ќе ја предводи Аргентина и покрај тоа што не тренираше по пристигнувањето во Мадрид. Двете селекции имаа одлична офанзива па за очекуваат погодоци во Мадрид. На последните пет меѓусебни натпревари двете мрежи се треселе па за очекување е ваква да биде и новата пресметка во главниот град на Шпанија.

BET-IBC ви овозможува најдобри коефициенти и највисоки граници и во помали лиги преку Skype обложување.

Англија – Италија: Помалку од 2.5 погодоци

„Трите Лава“ во Лондон ги пречекуваат „Аѕурите“ и ќе се обидат со нова победа да ги завршат мартовските подготовки, откако во петокот триумфираа над Холандија во Амстердам. Англија седум натпревари е без пораз, Сутгејт е задоволен но сака да види дополнително подобрување од неговите избраници за пресметката со Италија. „Аѕурите“ исто така ќе се обидат да стигнат до победа со оглед на тоа дека немаат триумф од октомври месец. Ди Биаџо, кој го превзеде кормилото на првиот тим на Италија на привремена основа, стартуваше со пораз од 2-0 од Аргентина. Англија само еднаш има славено над Италија во последните десет средби но и покрај тоа вечерва е фаворит. Судејќи според резултатите во последно време, не се очекуваат многу погодоци вечерва. На последните пет натпревари на Англија нема паднато повеќе од еден гол. Слично е и на последните пет натпревари на Италија, каде на последните шест натпревари немало повеќе од два гола. 

Германија – Бразил: Двата тима даваат гол

Во дуел на првиот и вториот тим на ФИФА ранг листата, Германија во Берлинг го пречекува Бразил. Кога за последен пат овие две селекции се сретнаа, Германија го понижи Бразил на домашен терен во полуфиналето на Светското првенство и триумфираше со 7-1 на патот кон титулата. Иако резултатот од вечерашниот натпревар нема да има некое големо значење, „Кариоките“ сигурно ќе сакаат мала одмазда. „Панцирите“ важат за благ фаворит пред се поради тоа што ќе играат на домашен терен и ќе ја имаат поддршката од сопствената публика. Се очекуваат ротации во двата тима, а секако најголемо отсуство ќе биде Нејмар кој е надвор од стројот поради повреда. Германија нема пораз на последните 22 натпревари, но Олимпискиот Стадион во Берлин не им е многу таличен, на овој терен избраниците на Лев имаат само две победи од последните осум средби. На последните три пресметки помеѓу Бразил и Германија паднаа дури 18 погодоци, па за очекување и вечерашниот спектакл да биде зачинет со голови. На четири од последните пет дуели двата тима постигнувале гол, па веројатно и овој меч ќе заврши со сличен исход.

Дали барате место за да ставите облози на некој од погоре наведените натпревари? Или можеби на сите од нив? Најдобриот букмејкер агент ви го дава решението.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани