Бидете број 1 во
обложувачкиот свет и ставете големи облози во Азија.
Спортинг –
Бенфика: Помалку од 2,5 гола
Спортинг и нашиот
Стефан Ристовски вечерва ја пречекуваат Бенфика во големото дерби на Лисабон. Титулата
сигурно ќе заврши во Порто, кој има пет бода предност на две кола до крајот, но
затоа пак неизвесна е битката за второто место на табелата, кое носи квалификации
во Лигата на шампионите. Откако Бенфика неочекувано киксна пред своите фанови
минатото коло, на Спортинг сега му се укажува прилика да го прескокне лутиот
градски ривал. Во пресрет на вечерашното дерби, двата тима имаат по 77 поени.
Психолошката предност е на страната на домаќиние, кои по поразот од Атлетико
Мадрид во Лига Европа и расправијата со претседателот на клубот и заканите за
суспензии, ги консолидираа редовите и сврзаа шест победи во сите
натпреварувања. Што се однесува до Бенфика, гостите до пред неколку недели беа
на првата позиција на табелата и главен фаворит за титулата, но загубија дома
во дербити со Порто, а по минатонеделниот шокантен пораз од Тондела исто така
на домашен терен, сега под знак
прашалник е им е втората позиција на табелата. Овој меч е финале за Лигата на
шампионите, оној кој ќе победи ќе игра во најелитното европско натпреварување,
а доколку нема победник, драмата ќе продолжи во последното коло и ќе зависи се
од постигнатите голови и гол разликаа. Првиот меѓусебен дуел оваа сезона завшри
1-1, а на четири од последните пет мечеви имаше помалку од 2,5 погодока. Со
оглед на тоа колку е важен овој натпревар, и вечерва може да се очекува сличен
исход.
Јувентус –
Болоња: Победа на домаќинот
„Старата Дама“ е
на само две победи од седмо Скудето во низа и ќе се обидат да направат нов
исчекор кон титулата со победа на домашен терен против Болоња. Јувентус
минатата недела имаше епски кам-бек против Интер, постигна два доцни гола за
две минути и со три бода си замине од Џузепе Меаца. На овој резултат во полза
им одеа и случувањата од пресметката помеѓу Фиорентина и Наполи каде домаќините
стигнаа до триумф. Болоња можеби нема за што да игра вечерва, но избраниците на
Алегри мораат да останат фокусирани. „Бјанконерите“ во последно време се далеку
од потребната форма, одиграа реми против Кротоне и загубија од Наполи пред
победата на „Дербито на Италија“. Исто така примија барем еден гол на три
натпревари во серија, нешто што им се нема случено од октомври минатата година.
Јувентус за овој меч ќе биде без суспендираниот Пјаниќ, но Алегри има широк состав
и отсуството на Босанецот не треба да преставува голем проблем. Киелини и Де
Шиљо се повредени, па Хуан Квадрадо одново би можел да игра како десен бек.
Болоња нема проблеми при составување на тимот, но азтоа пак гостие се во очајна
форма со само една победа од последните девет меча, и да не беа добрите
резултати од првиот дел на сезоната, сега сигурно немаше да бидат комфорни на
средината од табелата. Првиот меѓусебен дуел оваа сезона Јувентус го реши во
своја корист со 0-3, а има осум победи на последните десет пресметки. Јасно е
кој ќе стигне до трите бода вечерва, прашање е само дали Јувентус ќе притисне
уште од стартот и сите дилеми ќе ги реши во првото полувреме, или пак Болоња ќе
пружи солиден отпор па домаќините ќе треба дабро да се испотат.
Бесплатната платформа за обложување ви овозможува најдобри коефициенти и највисоки граници
и во помали лиги.
Виљареал –
Валенсија: Двата тима да постигнат гол
Марсељино за прв
пат се враќа на Серамика Стадионот и со својата Валенсија гостува кај Виљареал.
Фокусот сигурно ќе биде на стратегот, кој во август 2016 доби отказ на една
недела пред дуелот со Монако во квалификациите од Лигата на шампионите. Без
разлика какво е минатото, мечот сепак треба да биде битка за бодови кои носат
излез во Европа. Домаќините се борат за местата кои водат во Лига Европа,
додека пак на гостите им е потребен уште еден бода за да го потврдат настапот
во Лигата на шампионите. Популарните „Лилјаци“ имаат пад на формата, минатиот
месец на пет натпревари забележаа само една победа, и четири меча во низа не се
имаат израдувано на триумф. „Жолтата подморница“ пак сврза две победи и има
седум бода од последните три натпревари откако претходно доживеа шокантен пораз
од Малага а загуби и дома во дуелот со Атлетик Билбао. Првиот меѓусебен дуел оваа сезона му припадна на
Виљареал, а „Жолтата подморница“ славеше на четири од последните пет пресметки,
па со оглед на тоа дека многу повеќе им требаат трите бода, тие се благ фаворит
и многумина очекуваат победа за домаќините. Валенсија сепак нема лесно да се
предаде, во своите редови има играчи кои сами можат да направат разлика и би
требало барем еднаш да ја затресат противничката мрежа, па се очекува натпревар
во кој двата тима ќе постигнат гол.
Дали барате место
за да ставите облози на некој од погоре наведените натпревари? Или можеби на
сите од нив? Сега имате можност за добитни облози во Азија со BET-IBC.