BET-IBC совети за обложување: Интер нема право на кикс, Сасуоло мора да падне на Џузепе Меаца

by
4 минути читање

Бидете број 1 во обложувачкиот свет и ставете големи облози во Азија.

Интер – Сасуоло: Победа на домаќинот

На две кола до крајот во Серија А, шампионот е 99% познат но се уште има многу прашалници за местата кои водат во Европа како и за екипите кои следната сезона ќе играат во втората лига. Интер во моментов е петти на табелата со два бода помалку во однос на Лацио и последното место кое носи во Лигата на шампионите. И покрај заостанувањето, „Нероаѕурите“ сами одлучуваат за својата иднина бидејќи во последното коло гостуваат кај Лацио и со триумф на Олимпико ќе имаат топ четири финиш. Но пред „финалето“ во Рим, пред избраниците на Лучано Спалети е дуел со незгодниот Сасуоло. Популарните „Нероверди“ се кошмар за Интер, и на последните пет пресметки во Серија А имаат дури четири победи, од кои две се се на Џузепе Меаца. Гостите во моментов се на средината од табелата и покрај тоа што во еден дел од сезоната им се закануваше борба за опстанок. Но Јакини ги консолидираше редовите па Сасуоло  има само еден пораз во последните десет меча во Серија А освои 10 од можни 15 бода во изминативе 30 дена. Интер пак по драматичниот пораз од Јувентус во „Дербито на Италија“ се рехабилитираше со сигурна победа од 0-4 на гостувањето кај Удинезе. Миранда е речиси опоравен но Ранокија најверојатно ќе задржи стартното место во составот на Интер. Д’Амброзио и Весино се враќаат по суспензија и би можеле да добијат шанса од првата минута. Сасуоло исто така нема проблеми со повредени, недостасува само суспендираниот Пелусо, па гостиет со најсилен состав ќе се обидат да му ги пореметат сметките на фаворитот. Со оглед на тоа дека влогот е Лигата на шампионите, за очекување е Интер да стигне до три бода.

Реал Мадрид – Селта: Двата тима даваат гол и повеќе од 2,5 погодоци

„Кралевите“ за последен пат ќе играат на Сантијаго Бернабеу оваа сезона, Селта гостува во главниот град на Шпанија во 37. коло во Примера. Зинедин Зидан не сака да ризикува многу во пресрет на финалето од Лигата на шампионите, па за дуелот со Севиља во средата направи голем број на промени во составот, а се очекува истиот рецепт да биде применет и за вечерашниот натпревар. Роналдо секако нема да биде во составот поради повреда, Карвахал е под знак прашалник. Герет Бејл и Иско се враќат во тимот по суспензијата, но веројатно ќе бидат на клупата за резерви. Што се однесува до гостите, првиот стрелец Аспас се враќа во тимот по еден месец пауза поради повреда. Гостите не играат на потребното ниво во последно време, па сигурно ќе сакаат да се искупат со добра партија на Бернабеу. Реал Мадрид пак ќе се обиде со добар впечаток да се „отпише“ пред своите фанови. Но за разлика од минатата сезона кога вториот тим на „Кралевите“ победуваше, сега се мачи и тоа беше евидентно во минатото коло кога загубија на гостувањето кај Севиља. Првиот меѓусебен дуел оваа сезона заврши со 2-2, па веројатно љубителите на фудбалот ќе видат уште една интересна пресметка. На последните осум натпревари помеѓу Реал Мадрид и Севиља се треселе двете мрежи а биле постигнување и најмалку три погодоци, па за очекување е уште еден ваков меч.

Бесплатната платформа за обложување ви овозможува најдобри коефициенти и највисоки граници и во помали лиги.

Стразбур – Лион: Победа на гостите

Лион има шанса да го осигура топ 3 финишот на едно коло пред крајот откако Марсеј вчера киксна на гостувањето кај Генгам. Со победа против Стразбур, „Лавовите“ сигурно ќе настапуваат во Лигата на шампионите следната година. Што се однесува до домаќинот, Стразбур грчевито се бори за опстанок и во моментов има само +1 во однос на местата кои носат во втора лига. Избраниците на тренерот Лореј се најдоа во ваква ситуација поради тоа што немаат победа на 11 натпревари во серија, последен пат се радуваа на три бода против Троја на средината од февруари. Ситуацијата кај гостите е сосема спротивна, тие се полни со самодоверба откако забележаа осум победи во низа. Женесио нема поголеми проблеми околу составување на стартниот тим, па со најсилен состав ќе атакува на нови три бода. Гостите на своја страна ќе ја имаат и традицијата, Лион излегувал како победник во последните 13 пресметки со Стразбур го Лиг 1. На последните шест натпревари кои се одиграле на Стад де ла Мено, Стразбур не само што губи од Лион, туку на дури пет натпревари нема постигнато гол. Последниот триумф на Стразбур над Лион датира од февруари 2000, па веројатно домаќините одново ќе капитулираат, а својата шанса за опстанок ќе ја бараат во последното коло.

Дали барате место за да ставите облози на некој од погоре наведените натпревари? Или можеби на сите од нив? Сега имате можност за добитни облози во Азија со BET-IBC.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани