BET-IBC совети за обложување: Хофенхајм брка нов настап во Лигата на шампионите

by
4 минути читање

Агентот за големи облози во Азија и овој ден со неколку предлози ќе ви помогне да се
одлучите што да одиграте.

Хофенхајм –
Хановер: Победа на домаќините

32. коло во
Бундеслигата ќе биде отворено со пресметката помеѓу Хофенхајм и Хановер. Со
победа, домаќините можат да влезат во топ четири и барем да сабота да бидат дел
од местата кои водат во Лигата на шампионите. Избраниците на Нагелсман играат
во одлична форма, немаат пораз на осум натпревари (5 победи и три нерешени
исходи), и во овој натпревар влегуваат со голема самодоверба откако во минатото
коло триумфираа со 2-5 на гостувањето кај Лајпциг. Хофенхајм и вечерва ќе се
наслони на расположените Ут и Гнабри. Ут со 14 погодоци е најдобриот стрелец од
Германија во Бундеслигата, и голгетерот го брка достигнувањето на Видат
Ибишевиќ (18 погодоци во сезоната 2008/09) за да испише нова историја на
Хофенхајм. Гнабри пак ја тресеше мрежата на последните четири меча, и доколку
погоди и вечерва и тој ќе влезе во историјата на Хофенхајм. Што се однесува до
гостите, тие се во слободен пат и немаат со што моногу да се пофалат. Од
последните девет меча имаат само една победа, а на гости последен пат
триумфираа во октомври минатата година. Па тешко за верување дека ќе излезат од
оваа лоша серија на гостувањето на Вирсол Рајн Некар Арена.

Леванте – Севиља:
Победа или реми за гостите

Леванте и Барди
се на чекор до обезбедување на опстанок, потребен им е само еден бод од
последните четири кола, но домаќините ќе сакаат да го искористат моментумот и
по двете победи во серија (над Малага и Атлетик Билбао) уште денеска
математички да си го осигураат местото во Примера. За противник ја имаат
ранетата Севиља, која минатиот викенд беше понижена во финалето од Копа де Рел
и на Ванда Метрополитано загуби убедливо со 5-0 од Барселона. Гостите на овој
натпревар гледаат како на последниот воз за местата кои водат во Европа.
Избраниците на Монтела за последен пат во Шпанија победија на почетокот од
март, па сега се на седмата позиција на табелата, и последното место кое носи
во Лига Европа, но ривалите кои се зад нив им дишат во врат. Гетафе има ист
број на бодови, Жирона само еден помалку, а Селта три. На првиот меѓусебен
дуел, Леванте се избори за 0-0 на Рамон Санчес Писхуан, резултат со кој
тренерот Лопез сигурно ќе биде задоволен со оглед на тоа дека има големи
проблеми со повредите.

Допрете го врвот и
обложувајте се без лимит и со облози на високи суми во Азија

Фулам –
Сандерленд: Победа на домаќинот

Во дуел на двајца
поранешни Премиерлигаши чија иднина сега е сосема спротивна, Фулам го пречекува
Сандерленд. Домаќините во моментов се на третата позиција со еден бод
заостанување азд Кардиф и до крајот на сезоната ќе се борат за директна
промоција во најсилното првенство на Англија. Гостите пак до година ќе играат
во третата лига откако и математички ги загубија шансите за опстанок во
Чемпионшип. Па затоа домаќините се огромен фаворит вечерва но мора да бидат
претпазливи поради лошата традиција во дуелите со „Црните мачки“. Фулам на 22
натпревари во серија не знае за пораз, последен пат загуби во декември 2017 и
тоа токму од Сандерленд на гостувањето на Стадионот на светлината. Фулам исто
така загуби на три од последните четири пресметки со Сандерленд и притоа прими
десет погодоци. Но прашање е колкава мотивација ќе имаат „Црните мачки“ со
оглед на тоа дека знаат дека догодина ќе играат во трета лига. Исто така, избраниците
на Јокановиќ пукаат со самодоверба и имаат примено само еден погодок на
последните шест меча, на кој забележаа дури пет чисти победи.

Дали барате место
за да ставите облози на некој од погоре наведените натпревари? Или можеби на
сите од нив? Сега имате можност за добитни облози во Азија со BET-IBC.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани