BET-IBC совети за обложување: Џузепе Меаца ќе гори, Интер го пречекува Јувентус во „Дербито на Италија“

by
6 минути читање

Бидете број 1 во
обложувачкиот свет и ставете големи облози во Азија
.

Интер – Јувентус:
Помалку од два гола

„Дербито на
Италија“ веројатно никогаш не било поважно во последните неколку сезони. На
Интер очајно му требаат бодови за топ четири пласман и настап во Лигата на
шампионтие, додека пак Јувентус мора да победи за да се осигура дека Наполи
нема да се искачи на првото место на табелата. Елиминацијата од Лигата на шампионите
со контроверзен пенал како да ја исфрли „Старата Дама“ од рамнотежа. Следуваше
кикс на гостувањето кај Кротоне и пораз пред своите фанови во директниот дуел
со Наполи. За гостувањето на Џузепе Меаца, гостите ќе мораат да се снаоѓаат без
столбот во својата одбрана Џорџо Киелини, кој е поврден и веројатно ќе
отсуствува до крајот на сезоната. „Бјанконерите“ одиграа прилично калкулантски
против Наполи, за прв пат по долги години немаа шут во рамките на голот на
домашен терен, па се најавува дека Алегри ќе излезе со прилично офанзивна
формација вечерва. Спалети нема да прави големи промени во составот и се
очекува Интер да истрча со сличен тим кој на последните два натпревари донесе две победи. Двете
екипи не можат да си дозволат пораз, па за очекување е тензичен и тесен
натпревар. Такви беа и последните пет пресметки во Серија А помеѓу лутирите ривали на кои паднаа само шест
гола.

Баер Леверкузен –
Штутгарт: Над 2,5 гола

„Фармацевтите“
викендов го започнаа во топ четири, но како петти на табелата ќе го пречекаат
Штутгарт откако вчера Хофенхајм со 3-1 славеше над Хановер. Целта на Леверкузен
е настап во Лигата на шампионите следната сезона, па домаќините немаат право на
кикс против „Швабите“. Гостите на овој натпревар ќе играат без никаков
притисок, со победата на Вердер во минатото коло и математички си обезбедија
опстанок. Баер на последните два натпревари пријамија дури десет гола, најпрво
шест од Баерн во Купот а потоа четири од Дортмунд во Бундеслигата, па ова
сигурно ќе го загрижи тренерот Херлих, особено поради тоа што столбот на
одбраната Тах е повреден, како и левиот бек Вендел. Исто така и Свен Бендер е
под знак прашалник. Па домаќините ќе мора да се наслонат на одличната офанзива,
која за овој натпревар дополнително ќе биде засилена со враќањето на Белараби. „Фармацевтите“
исто така се надеваат дека традицијата и денеска ќе биде на нивната страна
откако славеа на последните четри пресметки со Штутгарт. Последната пресметка
на БајАрена беше прилично возбудлива. Гостите водеа со 0-2 и 1-3, но на крајот
Баерн се радуваше на триумф од 4-3.

Бесплатната платформа за обложување ви овозможува најдобри коефициенти и највисоки граници
и во помали лиги.

Свонси – Челси:
Победа на гостите

Челси попладнево
гостува на Либерти Стадионот со намера да освои нови три бода и да ја продолжи битката
за топ четири пласман и покрај тоа што се големи аутсајдери. „Сините“ имаат пет
бода заостанување во однос на Тотенхем на четири кола до крајот и осум во однос
на Ливерпул, но „Црвените“ имаат натпревар повеќе а до крајот на сезоната треба
да гостуваат и на Стемфорд Бриџ. Сега веќе стартиот шампион не одлучува за
сопствената иднина, треба да победи на сите свои натпревари и да чека кикс на
противниците, но Антонио Конте не се откажува и најави дека оди на победапротив
Свонси. Домаќините пак се борат за опстанок, во моментов имаат +4 над местата
кои носат во Чемпионшип и за разлика од Челси сами одлучуваат за сопствената
иднина. Дури и да загубат на овој меч, до крајот на сезона пред своите фанови
играат со Саутемптон и Стоук, два тима кој се под нив на табелата. А „лебедите“
токму пред своите фанови се најсилни. Последен пат на домашен терен во
Премиерлигата загубија на почетокот од јануари, кога Тотенхем славеше со 0-2.
Од тогаш па наваму освоија 13 од можни 15 бодови и го зедоа „скалпот“ на големи
екипи како Ливерпул и Арсенал. Па Челси ќе има тешка задача да стигне до победа
но се чини дека „Сините“ ќе имаат доволно квалитет да ги надминат проблемите.

Реал Мадрид –
Леганес: Над 2,5 гола

Три дена по
триумфот на Алианц Арена, и три дена пред да го пречека Баерн во реваншот од полуфиналето
во Лигата на шамапионите, Реал Мадрид има 90 минути во домашниот шампионот
против стариот должник Леганес. Малиот клуб од предградието на Мадрид оваа
сезона ги понижи „Кралевите“ откако со триумф на Бернабеу ги елиминираше од
Копа дел Реј. Зинедин Зидан сигурно ќе направи големи промени во составот. Иско
и Карвахал се повредени а Роналдо ќе добие одмор. Веројатно поштедени ќе бидат
и Модриќ, Крос, Касемиро, Варан и Марсело. Тео Ернандез, Ваљехо и Себаљос ќе се
надеваат на минутажа, а шанса сигурно ќе добијат и Бензема, Бејл и Ковачиќ, кои
не беа многу инволвирани во Минхен. Бодовите не се од никакво значење за двата
тима, Европа е приоритетот на Реал а Леганес веќе обезбеди опстанок, па
веројатно ќе нема голем интензитет. Но гостите сигурно ќе сакаат одново да го
понижат фаворитот, а оние кои ќе добијат шанса ќе се обидат да покажат дека
заслужуваат поголема минутажа на натпреварите кои се клучни, па треба да се
очекуваат голови на Бернабеу. На трите натпревари помеѓу овие два противника во
Примера паднале вкупно13 погодоци, па се очекува и денеска да биде вака.

Дали барате место
за да ставите облози на некој од погоре наведените натпревари? Или можеби на
сите од нив? Сега имате можност за добитни облози во Азија со BET-IBC.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани