Најдобриот и најпрофесионален брокер за онлајн обложување BET-IBC и овој ден со неколку предлози ќе ви помогне да се одлучите што да одиграте.
Наполи – Рома: Победа на домаќинот
Откако во понеделникот ја забележа 10. победа во низа во Серија А сто триумфот над Каљари, Наполи денеска ја пречекува Рома на Сан Паоло. „Наполитанците“ се спектакуларни оваа сезона, срушија еден куп рекорди и се на пат кон првото Скудето по ерата на Диего Марадона. Нападот им е главно оружје, се чини дека избраниците на Сари во секој момент можат да дадат гол, но за пофалба им е и играта во одбрана. Лидерот на табелата прими 15 погодоци на 26 натпревари односно само два во 2018. На спротивната страна, Рома загуби на два натпревари (Милан и Шахтар) во незгодно време, поточно кога „Волчицата“ полека почнуваше да наликува на голем тим, па самодовербата кај гостите е разнишана. Наполи ги доби последните две пресметки со Рома, но тие се играа во Рим. „Наполитанците“ пред своите фанови за последен пат славеа во 2014, но се очекува оваа пауза конeчно да биде прекината.
Лацио – Јувентус: Победа или реми за домаќинот
Во уште еден интересен натпревар, второпласраниот Јувентус гостува кај третопласираниот Лацио. „Бјанкочелестите“ во овој натпревар влегуваат разочарани по елиминацијата од Милан во полуфиналето од Купот на Италија, додека пак „Старата Дама“ во мислите ќе го има реваншот со Тотенхем во Лигата на шампионите. Јувентус со години немаше пораз од Лацио, но сврза два во 2017. Лацио најпрво славеше во август во Супер купот на Италија, а потоа во октомври триумфираше и во Торино во Серија А. Средбаната на Олимпико вечерва ќе биде интересна и од аспект на тоа што најдобриот стрелец во Калчото ќе се сретне со најдобрата одбрана, Чиро Имобиле игра во животна форма со 23 погодока зад своето име, додека пак „Бјанконерите“ немаат примено гол во 2018 во Серија А.
BET-IBC е активен повеќе од 10 години, нуди беспрекорна услуга и врвно обложувачко искуство од нова генерација. Па не размислејте повеќе, отворете сметки за обложување и уверите се сами дека BET-IBC е најдобар и најпрофесионален брокер за онлајн обложување.
Ливерпул – Њукасл: Над 2,5 погодока
Рафа Бенитез се враќа на Енфилд, но домаќините од овој меч ќе сакаат само победа и ништо друго. Ливерпул е еден од трите клуба во најдобра форма во моментов во Премиерлигата, а „Црвените“ и во Лигата на шампионите прикажаа дека се расположени за игра откако го демолираа Порто на Драгао со 0-5. Њукасл нема победа на Енфилд од 1994 па тешко е за верување дека црната серија ќе биде сопрена денеска. Њукасл исто така е омилен пациент на „Црвените“ кои против тимот од Сент Џејмс Парк постигнале дури 89 погодоци во Премиерлигата, повеќе од било кој друг противник со кого се сретнале. Па се очекува и попладнево да ја наполнат мрежата на Њукасл, а за тоа ќе бидат задолжени фантастичните Салах и Фирмино.
Реал Мадрид – Гетафе: Над 2,5 погодока
По разочарувачкиот пораз од Еспањол, Реал Мадрид ќе се обиде да им се врати на победите за во добра атмосфера да опатува за Париз на реваншот со ПСЖ во Лигата на шампионите. Лука Модриќ и Тони Крос ќе го пропуштат овој меч, а Марсело веројатно ќе биде поштеден и покрај тоа што се опорави од повредата. Кристијано Роналдо откако доби одмор во вторникот ќе треба да се најде во стартниот состав. Карим Бензема најверојатно ќе му прави друштво во нападот откако Французинот го започна претходниот натпревар на клупата. Реал Мадрид ги доби последните осум натпревари со Гетафе, а на девет од последните десет натпревари имаше најмалку три погодоци. Кристијано Роналдо обожава да игра против Гетафе, ЦР7 против нив има постигнат 21 погодок во Ла Лига, бил стрелец на 11 од 13 пресметки против, а забележал и три хет-трика.
BET-IBC исто така нуди и подарок за играчи на високи износи, а за оние кои навистина сакаат да го допрат врвот и да се обложуваат во обложувалници без лимит, нивниот VIP-IBC ќе се погрижи да бидат задоволни. BET-IBC овозможува и највисоки влогови и во помали лиги преку Skype обложување.