Дали барате место
за да ставите облози на некој од подолу наведените натпревари? Или можеби на
сите од нив? Сега имате можност за добитни облози во Азија со BET-IBC.
Лацио – Интер: Двата
тима даваат гол
Во најважниот меч
оваа сезона, Лацио го пречекува Интер на Олимпико. „Бјанкочелестите“ го
окупираат последното место на табелата кое води во Лигата на шампионите и имаат
три бода повеќе од „Нероаурите“. Сонот на Интер за настап во најелитното
европско натпреварување за малку ќе завршеше минатата недела откако Сасуоло
приреди големо изненадување и славеше на Џузепе Меаца, но Кротоне донесе нова
надеж откако одигра реми со Лацио. Сепак за настап во Лигата на шампионите,
Интер сега има само една опција а тоа е триумф во Рим. Домаќините имаат неколку
прашалници за овој меч, секако најголеми се дилемите за тоа дал Де Врај да
настапи во срцето на одбраната со оглед на тоа дека Холанѓанецот веќе се
договори со Интер и следната сезона ќе го носи „црно-синиот“ дрес. Првиот
стрелец Чиро Имобиле би требало да се врати во составот по паузата поради повреда,
а се чини и дека Марко Пароло ќе биде фит. Единствено Луис Алберто има мали
шанси за настап. Спалети пак нема проблеми со повредени играчи и се очекува на
теренот да ги испрати најсилните единаесет. Лацио и Интер во три наврати се
сретнале во последното коло од сезоната, и „Бјанкочелестите“ славеле на сите
три пресметки. За Интер веројатно најболен е мечот од 2002 кога со поразот во
Рим го загубија Скудетото. Првиот меч од оваа сезона заврши без погодоци, а
Интер славеше со 1-3 на Олимпико минатата сезона. Со оглед на тоа какво е
значењето, се очекува малку попретпазлив фудбал но еден гол ќе ја разжешти
атмосферата и потоа се може да се случи. На шест од последните девет пресметки
се треселе двете мрежи па за очекување е уште еден ваков меч.
Барселона – Реал Сосиедад:
Над 2,5 погодока
Со поразот од
минатото коло на гостувањето кај Леванте пропадна историската шанса за
завршување на сезоната без загубен натпревар, па Барселона вечерва за ништо не
игра против Реал Сосиедад. Натпреварот веројатно ќе биде запаметен како
последниот на Андрес Иниеста во дресот на „Каталонците“. Иконата на Барса
заминува по крајот на оваа сезона и вечерва за последен пат ќе има
прилика да блесне на Камп Ноу и да ја забавува публиката со своите потези. И гостите
ќе имаат играч за кого ова ќе биде последен натпревар, тоа е капитенот Чави
Прието кој целата своја кариера ја помина во дресот на Реал Сосиедад и одби да
го напушти Сан Себастијан и покрај тоа што имаше неколку примамливи понуди. Валверде
за овој меч не може да смета на повредениот Вермален и спспендираниот Роберто,
Умтити е под знак прашалник а Меси иако доби повик веројатно мечот ќе го преседе
на клупата за резерви. Но и покрај отсуството на првиот ас, Барселона има
страшен напад составен од Иниеста, Кутињо, Дембеле и Суарез па головите сигурно
нема да изостанат. На последните три меча помеѓу овие тимови паднаа дури 18
погодоци, па со оглед на тоа дека резултат нема никакво значење за двата тима,
за очекување е нова голеада.
За да заштедите
време, можете да се обложувате на повеќе сметки со регистрирање на најдобриот софтвер за обложување.
Авеш – Спортинг:
Победа на гостите
Авеш ќе се обиде
да ја искористи кризата на Спортинг и да го изненади фаворитот во финалето од
Купот на Португалија. Тимот на нашиот Стефан Ристовски поминува низ турбулентни
моменти. Минатата недела „Лавовите“ најпрво киксираа на гостувањето кај
Маритимо, пораз кој ги чинеше настап во Лигата на шампионите. Како тоа да не
беше доволно, неколку дена подоцна, педесетина ултрас навивачи ги нападнаа
итрачите и тренерот. Се шпекулира дека овој инцидент го исценирал контроверзниот
претседал Карваљо, па неколку спонзори го напуштија клубот а Фудбалската
федерација на Португалија започна истрага. Фудбалерите и Жесус најавија дека ќе
го бојкотираат финалето но сепак смогнаа сили и решија да истрчаат на терен во
обид да ја завршат лошата сезона со трофеј и да стигнат до 17. титула во Купот
на Португалија. За Авеш ова е прво финале во нивната историја па затоа тие се
големи аутсајдери и покрај се она што се случуваше во таборот на Спортинг
изминативе денови. Овие два противника се имаат само еднаш до сега сретнато во
Купот и тоа во далечната сезона 1968/69, тогаш „Лавовите“ триумфираа со 2-0.
Што се однесува до пресметките од првенството, Спортинг славеше на пет од шест
дуели, а Авеш на последните пет натпревари нема постигнато гол против Спортинг.
Допрете го врвот
и обложувајте се без лимит и со облози на високи суми во Азија.