Најдобриот Азиски брокер за обложување и овој ден со неколку предлози ќе ви помогне да се
одлучите што да одиграте.
Челси – Тотенхем:
Двата тима постигнуваат голем
Во дербито на
Лондон, Челси на Стемфорд Бриџ во пречекува Тотенхем, во натпревар кој има
многу поголемо значење од тоа кој е најдобар во главниот град на Англија.
„Спарси“ имаат пет бода повеќе во однос на Челси во битката за топ четири
пласман и настап во најелитното европско натпреварување. „Сините“ со триумф ќе
фатат приклучок, додека пак Тотенхем со победа може да го отпише актуелниот
шампион со уште седум кола до крајот. Тотенхем нема победа на Стемфорд Бриџ од
1990 па затоа Челси е фаворит и покрај тоа што формата на „Сините“ не е сјајна.
Избраниците на Антонио Конте имаат дури четири порази на последните шест
натпревари од Премиерлигата. За разлика од нив, избраниците на Маурисио
Покетино се единствениот тим кој нема пораз во Премиерлигата во 2018, Тотенхем
има учинок од седум победи и три нерешени исходи и во моментов има сврзано
четири триумфи во низа. За овој меч во тимот би можел да се врати и Хари Кејн,
кој поради повреда требаше да паузира најмалку до средината на април, но некако
чудесно се опорави порано од очекувањата. На последните пет меѓусебни
пресметки, дури во четири наврати двата тима постигнуваа гол и би требало
одново да се тресат двете мрежи.
Малага –
Виљареал: Победа или реми за гостите
„Жолтата
подморница“ гостува кај фенерџијата во потрага на три бода со кои ќе се зацврсти
на петатта позиција на табелата, и местото кое директно носи во групната фаза
од Лига Европа. Малага практично и да нема шанси за опстанок, па и бод ќе биде
голем успех. Домаќините имаат само три победи до овој момент, последен пат
триумфираа во декември. Одбраната не е толку лоша но реализацијата е слаба, на 20
од 29 меча во Ла Лига, Малага не постигна гол. За овој меч исто така ќе биде
ослабена без неколку важни играчи како Хуанпи, Ресио, Федерико Рика и Хуан
Карлос Перез. Виљареал исто така има мали проблеми со повредите, но и доволно
широк ростер за да не се почувстува отсустовот на играчи како Тригерос, Сориано
и Черишев. Кај гостите владее позитивна атмосфера откако сврзаа две победи, и
во минатото коло со чуден пресврт во завршницата го зедоа скалпот на Атлетико
Мадрид. Па затоа Виљареал влегува како фаворит во овој дуел, и се очекува
гостите да си заминат со трите бода иако нема да биде лесно. Тие покрај себе ќе
ја имаат и традицијата од минатите сезони која вели дека Виљареал триумфирал на
четири од последните пет меѓусебни пресметки.
Доколку сакате да
го допрете врвот можете да се обложувате во обложувалници без лимит и со високи
влогови преку VIP платформа за обложување.
Лион – Тулуз:
Победа на домаќинот
Во последниот
натпревар од 31. коло во првенството на Франција, Тулуз гостува на Стад Лион.
На двата тима им се од голема важност трите бода но за различни цели. Лион го
брка Марсеј за последната позиција на табелата која носи директно во Лигата на
шампионите додека пак Тулуз е една позиција и еден бод над зоната за испаѓање.
Избраниците на Женесио минатото коло триумфираа на гостувањето кај Марсеј и тоа
им ја врати надежта, но работата воопшто нема да биде лесна, Лион нема право на
кикс. За овој меч домаќините ќе бидат без двајца клучни играчи, Набил Фекир е
повреден а Мариано Диаз е суспендиран. Но затоа пак Мемфис Депај е расположен
за голови. Холанѓанецот беше тој кој донесе триумф на Велодром со погодок во
90. минута, а стрелаше прецизно и против европскиот шампион Португалија во
понеделникот. И гостите имаат проблеми со повреди, но во одбрамбената линија.
Исто така загрижува и формата, Тулуз нема победа од почетокот на февруари.
Статистиката од меѓусебните дуели е во корист на Лион, кој има само еден пораз
во последните десет пресметки и има серија од шест победи, па за очекување е
низата да продолжи и денеска.
Маинц – Борусија Менхенгладбах:
Победа или реми за гостите
На Опел Арена, во
последниот натпревар од 28. коло во Бундеслигата, Маинц ја пречекува Борусија Менхенгладбах.
Домаќините со 25 бода се наоѓаат на 16. позиција на табелата која носи плеј-оф
натпревар за опстанок, додека пак гостите со 36 бода се на средина од табелата.
Првиот дел од сезоната Борусија Менхенгладбах го заврши на шестата позиција на
табелата, со само два бода заостанување зад втората позиција, но очајните
изданија во 2018, и само 8 бода од 10 натпревари ги остави „Ждребињата“ со
малку надеж дека и оваа сезона ќе се борат за место во Европа. Тренерот Хекинг
сепак е оптимист и сака неговите избраници со победа над Маинц да се замешаат
во битката за излез во Европа. Тој за овој натпревар ќе може да смета на
неколку играчи кои подолго време се мачат со повреда. Но задачата аз освојување три бода воопшто нема да
биде лесно бидејќи Маинц иако игра во лоша форма е сосема солиден пред своите
фанови, и освои дури 17 бодови на домашен терен. Исто така, Борусија
Менхенгладбах забележа шест порази на последните седум гостувања.
Дали барате место
за да ставите облози на некој од погоре наведените натпревари? Или можеби на
сите од нив? Најдобриот букмејкер агент ви го дава решението.