BET-IBC совети за обложување: Барса брка рекорд, Валенсија сака да им нанесе уште еден шок

by
5 минути читање

Дали барате место
за да ставите облози на некој од подолу наведените натпревари? Или можеби на
сите од нив? Најдобриот букмејкер агент ви го дава решението.

Барселона –
Валенсија: Над 2,5 погодока

Барселона во
вторникот доживеа шокантна елиминација во Лигата на шампионите откако загуби со
3-0 на гостувањето кај Рома, па како утеха сега им останува да соборат неколку
рекорди во Шпанија, и секако да се обидат да ја завршат сезоната во Ла Лига без
пораз. Попладнево на Камп Ноу гостува Валенсија, и доколку Барса освои бодови
ќе постави нов рекорд од 39 натпревари без пораз во низа во најсилното
првенство на Шпанија. Популарните „лилјаци“ се во одлична форма, имаат осум
победи на последните девет меча од кои пет се во низа. Со оглед на тоа дека
самодовербата на „Каталонците“ е разнишана по дебаклот на Олимпико, Валенсија
ќе се обиде да му нанесе нов удар на противникот. Првиот меѓусебен дуел во Ла
Лига беше драматичен, Валенсија ја дела десетина минути од победа, но една
магија на Меси му овозможи на Алба да погоди за 1-1. Барса и Валенсија исто
така се сретнаа и во Купот, избраниците на Валверде ги добија и двете пресметки
без притоа да примат гол. Но овој меч е многу поразличен, Валенсија ќе се обиде
да им го загоричи животот на „Каталонците“ и се очекува возбудлив натпревар со
многу погодоци.

Лион – Амиен:
Победа на домаќинот

По елиминацијата
од Лига Европа, целиот фокус на Лион е насочен кон Лиг 1 и како да се стигне до
третото место кое носи настап во Лигата на шампионите. Во моментов
Лион и Марсеј имаат по 63 бода, но Лион е позиција погоро на табелата поради
подобрата гол разлика. Пред избраниците на Женесио сега е дуел со Амиен.
Домаќините на хартија се големи фаворити но тоа ќе треба да го покажат и на
теренот. Гостите не се за потценување. Во моментов се наоѓаат на +8 над зоната
за испаѓање откако загубија само еднаш на последните седум натпревари. На Лион
Парк пристигнуваат со две победи во серија и расположен голгетер во името на Конате,
кој зад свото име има 10 погодоци. Лион има страшна офанзива, а за овој меч во
тимот се враќа и Фекир, кој пред да се повреди во февруари имаше учинок од 16
погодоци и пет асистенции. Но Амиен од друга страна може да се пофали со цврста
одбрана. Тимот на Пелисиего има третиот најдобар дефанзивен
учинк во Франција, послаб само од оној на ПСЖ и Монпеље. Но се чини дека гостите
нема што да бараат денеска на Лион Парк и домаќините ќе стигнат до три бода.

BET-IBC исто така
ви нуди шанса да се обложувате на најдобрите коефициенти.

Тотенхем –
Манчестер Сити: Двата тима даваат гол

„Граѓаните“ имаа
тешки седум дена во кој доживеаја два порази од Ливерпул и елиминација во
Лигата на шампионите, а загубија и на домашен терен од Манчестер јунајтед,
натпревар на кој требаше да ја обезбедат титулата во Премиерлигата со победа
над лутиот градски ривал. Пред избраниците на Пеп Гвардиола сега е уште еден
незгоден натпревар, гостување на Вембли кај Тотенхем. Избраниците на Пеп
Гвардиола триумфираа со 4-1 на првиот натпревар оваа сезона, но тоа им е
единствената победа против Тотенхем на последните пет меча. Исто така, по
поразот на Етихад во декември, „Спарси“ се во серија од 14 натпревари без пораз
во Премиерлигата, а можат да се пофалат и со шест победи во низа во најсилното
првенство на Англија. Тотенхем исто така ги доби последните две пресметки со
Сити пред своите фанови, но тие беа на Вајт Харт Лејн. Па се укажува на
возбудлив меч со погодоци во кој двата тима можат да стигнат до победа.

Аталанта – Интер:
Победа или реми за гостинот

Интер одново е
надвор од топ четири, па избраниците на Спалети очајно посакуваат добар
резултат против Аталанта во дербито на Ломбардија. Бодовите ќе им бидат од
голема важност и на домаќините, кои сакаат одново да се изборат за настап во
Европа. „Нероаѕурите“ имаа одлично издание против Милан и Торино, но од овие
два натпревари освоија само бод поради слабата реализација. Токму на ова треба
да поработат гостите со оглед на тоа дека не постигнаа гол на последните два
меча, а на последните пет, никој друг не ја тресел мрежата освен Икарди и
Перишиќ. Домаќините се соочуваат со мали проблеми околу стартниот состав,
Иличиќ и Спинацола се повредени а напаѓачот Петања е суспендиран. И Спалети има
одредени дилеми, Брозовиќ е суспендиран, Весино се уште е повреден, а под знак
прашалник е и Кандрева, па може да има одредени претумбации во составот на
Интер. Мечевите помеѓу овие два тима по традиција се возбудливи, па се очекува
уште една ваква пресметка во која Интер на крајот ќе стигне до бодови.

За да заштедите
време, можете да се обложувате на повеќе сметки со регистрирање на VIP
платформа за обложување.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани