Најдобриот Азиски брокер за обложување и овој ден со неколку предлози ќе ви помогне да се одлучите што
да одиграте.
Леванте – Еибар:
Двата тима даваат гол
Тренерската смена
во Леванте вроди со плод, тимот на нашиот Енис Барди минатото коло триумфираше
на гостувањето кај Гетафе што беше прва победа по дури 11 натпревари во сите
натпреварувања. Пред Пако Лопез сега е нов предизвик, да донесе прва победа на
Сиутат по речиси шест месеци. Последен пат Леванте пред своите фанови се
радуваше на 21. септември. За противник вечерва го имаат Еибар, тим кој има
сосема солидна сезона и се наоѓа на 9. позиција на табелата. Формата на гостите
не е сјајна, Еибар има само една победа на последните пет натпревари па Леванте
ќе се обиде да го искористи ова и да забележи победа и важни три бода во
битката за опстанок пред дуелите со директните ривали Депортиво Ла Коруња и Лас
Палмас. Статистиката вели дека на последните пет меча помеѓу овие два тима, дури
три натпревари завршиле нерешно, а по една победа забележале Еибар и Леванте.
Натпреварите секогаш биле интересни, дури на четири престметки имало најмалку
три гола, а на исто толку натпревари двата тима постигнувале погодоци, па за
очекување е уште една ваква пресметка и вечерва.
Монако – Лил:
Победа на домаќинот
Во вториот
натпревар од 31. коло во Лиг 1, Монако на Луј Втори Стадионот го пречекува Лил.
ПСЖ веќе го одигра својот натпревар, рутински славеше со 2-1 над Анже и
креираше +17 на врвот на табелата. Па јасно е дека клубот од малото кнежевство
нема шанси за одбрана на титулата и целта ќе биде освојување на второто место
кое носи директен пласман во Лигата на шампионите. Ова може да биде клучен
викенд за креирање на добра разлика во однос на конкурентите со оглед на тоа
дека Марсеј и Лион се среќаваат во недела. Со победа над Лил ќе биде извршен
дополнителен притисок врз ривалите. Избраниците на Жардим се апсолутни фаворити
во овој меч, Монако е во топ форма со пет победи на последните шест натпревари.
Ситуацијата е сосема спротивна кај Лил, гостите имаат само две победи на
послените 13 меча, и се без триумф веќе шест средби во серија. Лил се наоѓа во
зоната за испаѓање а нервозата кулминираше минатиот викенд кога 200 навивачи
влегоа на терен за да им покажат на своите миленици што мислат за нивните
изданија. Лил мора што поскоро да почне да победува за да не испадне во втора
лига, но вечерва нема што да бара против Монако.
Бидете број 1 во
обложувачкиот свет и отворете обложувачка сметка сега со BET-IBC.
Фрајбург –
Штутгарт: Победа или реми на гостинот
Стартот на 27.
коло во Бундеслигата го носи дуелот помеѓу Фрајбург и Штутгарт, два тима кој до
крајот на сезоната ќе се обидат да останат во елитата. Гостите се чини дека се
на чекор до ваков успех откако играат како препородени по тренерската рокада и
пристигнувањето на Тајфун Коркут. Под водство на младиот стратег, „Швабите“ не
знаат за пораз и забележа четири победи и два нерешени резултати. Исто така
гостите на дури четири средби ја зачуваа сопствената мрежа па сега се наоѓаат
на 10. позиција на табелата со +9 над местата кои носат во ранг подолу.
Фрајбург од друга страна пак не може да се пофали со некои добри резултати, има
само една победа од последните пет меча па затоа е во понезавидна ситуација и
на пет бода разлика од Волфзбург и Маинц. Домаќините за овој меч нема да можат
да сметаат на неколку повредени играчи, а ќе треба да играат и против лошата
традиција. Фрајбург нема победа на последните пет пресметки со Штутгарт,
гостите дури на четири од овие меча на крајот стигнал до цел плен.
Истра – Славен Белупо:
Помалку од 2,5 гола
Нашите Ивановски
и Китановски со својот Славен Белупо попладнево гостуваат во Пула кај Истра во
воведниот натпревар од 26. коло на Хрватската прва лига. „Фармацефтите“
минатото коло славеа против Рудеш и сега се на комфорната петта позиција на
табелата, далеку од зоната за испаѓање но и далеку од битката за место во
Европа. За разлика од нив, Истра е во незавидна ситуација и има само еден бод
повеќе од претпоследната Цибалија. Статистиката од меѓусбните дуели е во корист
на Славен Белупо, кој забележа дури три победи на последните пет средби, но
сите пред своите фанови. Истра забележала само една победа и еден меч завршил
нерешено. Домаќините грчевито се борат за опстанок па за очекување е еден тврд
натпревар без многу голови. Впрочем такви биле и последните пет средби помеѓу
овие два противника на кој немало повеќе од три гола.
Дали барате место
за да ставите облози на некој од погоре наведените натпревари? Или можеби на
сите од нив? Најдобриот букмејкер агент ви го дава решението.
Исто така, за да
заштедите време, можете да се обложувата на повеќе сметки со регистрирање на
VIP-IBC.