BET-IBC совети за обложување: Астон Вила ја продолжува мизеријата на Лидс и Алиоски

by
5 минути читање

Најдобриот агент за обложување во Азија и овој ден со неколку предлози ќе ви помогне да се
одлучите што да одиграте.

Астон Вила –
Лидес: Победа на домаќините

Со триумфот на
Кардиф во минатото коло, Астон Вила си ги задржа шансите за второто место кое
носи директна промоција во Премиерлигата, но се чини дека победата поголема
услуга му направи на Фулам. Избраниците на Стив Брис има пет бода помалку од
Фулам, двата тима имаат уште четири натпревари до крајот, додека пак Астон Вила
има четири бода помалку од Кардфи, кој треба да одигра уште пет средби до
крајот. Вила треба да победи на сите натпревари до крајот и да чека кикс на
конкурентите. Следните два натпревари на хартија се лесни, против Лидс и
Ипсвич, но преостанатите две, против Дерби и гостувањето кај Милвол се прилично
тешки. Прв на менито е Лидс на нашиот Езгјан Алиоски, кои се во очајна форма,
По серијата лоши резултати, Томас Кристијансен беше отпушен на почетокто од
февруари, но ниту неговито насленик Пол Хекингботом не успеа да ги промени
работите. Две победи од 11 натпревари се премалку. За овој меч гостите се
соочуваат со големи проблеми со повредите, и практично се без првата постава во
одбраната. Па Астон Вила не би требала да има поголеми проблеми и се очекува да
прокнижи нови три бода.

Жирона – Бетис:
Двата тима даваат гол

Најпријатното
изненадување во Ла Лига, Жирона го пречекува Бетис во натпревар за излез во
Европа. „Андалузијците“ ја водат рката за место во Лига Европа со 49 бода, два
повеќе од Виљареал, три повеќе од Севиља и пет повеќе од Жирона. Затоа овој меч
е од голема важност. „Монтиливи“ ќе биде полн и фановите ќе се обидат да им
помогнат на своите миленици да стигнат до победа. Жирона на домашен терен нема
пораз четири месеци, има шест победи во низа и едно реми, кое дојде на
последниот натпревар против Леванте. Но и гостите имаат свои математики, Бетис
се наоѓа во серија од четири победи во низа. Двата тренери најавија неуморна
битка, па сите работи укажуваат на одличен меч, и само останува да се види кој
ќе биде победник. Првиот меѓусебен дуел донесе права драма. Жирона поведе во
94. минута преку Порту, но само 60 секунди подоцна Тељо изедначи на 2-2, па
фудбалските љубители немаат ништо против да видат уште една ваква пресметка.

BET-IBC ви
овозможува најдобри коефициенти и највисоки граници и во помали лиги преку Skype обложување.

Парма – Читадела:
Победа на домаќинот

Парма се обидува
експресно да се врати во елитата по финасиските проблеми и банкротот поради кој
тимот беше преселен во четвртата лига. Популарните „млекари“ влегоа во форма во
прав момент и сега се во сериозна конкуренција за второто место кое директно
носи во Серија А. Палермо и Фросиноне имаат по 58 бода, додека пак Парма 56. За
ваквиот развој на настените се должат шестте победи на последните седум меча,
помеѓу кои и триумфи во меѓусебните дуели со Палермо и Фросиноне. На Енио
Тардини сега гостува уште еден тим кој сака пласман во Серија А, Читадела, но
само преку плеј-офот. Гостите се далеку од врвот по големиот пад во формата.
Имаат три порази во серија и само два бода од последните пет натпревари. Првиот
меѓусен натпревар оваа сезона заврши со Победа од 1-2 за Парма, па домаќините
влегуваат како фаворит на овој меч. Парма на Тардини нема загубено речиси шест
месеци, па за очекување е домаќините да прокнижат нови три бода.

Анже – Ница:
Двата тима даваат гол

Во првиот
натпревар од 33. коло во Лиг 1, Анже ја пречекува Ница во натпревар на два тима
кои играат во добра форма. Домаќините се на 14. позиција на табелата откако
освоија 11 бода на последните шест меча со кои го напуштија дното на табелата и
чекорат кон опстанок. Ница пак има 10 бода од последните пет меча, едниствениот
пораз го забележаа на дербито со ПСЖ. Гостите до крајот на сезоната ќе се борат
за излез во Европа, во моменов имаат имаат само еден бод помалку од Рен, но во
трката се и Монпење, Нант па и Сент Етјен. За овој меч, Фавре нема да може да
смета на првиот стрелец Марио Балотели кој има настника, а отсутен ќе биде и
Сиприан поради повреда. Се очекува отворен натпревар поради начинот на кој
играат двата тима, особено Ница. Избраниците на Фавре често постигнуваат
голови, но и редовно примаат. Натпреварите на Ница оваа сезона во просек
завршуваат со речиси три богодока. Домаќините очекуваат многу од Екамби, кој
има 17 погодоци ова сезона, додека пак гостите се надеваат дека Плеа, кој има
13 погодоци, од кои 7 на последните четири, ќе им донесе бодови.

Дали барате место
за да ставите облози на некој од погоре наведените натпревари? Или можеби на
сите од нив? Онлајн платформата за обложување ви го дава решението.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани