Атлетико веќе ја
пријави Барселона до ФИФА поради тоа што го контактирале Антоан Гризман без
нивна дозвола, но и покрај тоа, „Каталонците“ продолжуваат јавно да флертуваат
со Французинот.
И покрај тоа што
односот помеѓу двата клуба е одлучен, на лидерите на Атлетико не им се допаѓа
начинот на кој се однесува Барса и изминативе 24 часа во неколку
наврати го повишија гласот.
Последните
информации велат дека „Колчонероси“ се толку бесни што за казна бараат
Барселона да плати двојно повеќе за Французинот. Имено, откупната клаузула на
Антоан Гризман во моментов е 200 милиони евра, но од 1. јули ќе изнесува 100
милиони евра.
Шампионот на
Шпанија планира да ја актвира клаузулата по овој датум, но Атлетико смета дека Барса треба
да искешира 200 милиони евра бидејќи има доволно докази за тоа дека целата работа е завршена уште пред да се намали клаузулата.
Во меѓувреме,
Кадена КОПЕ соопшти дека Гризмна од поодамна има вербален договор со Барселона,
но се предомислил и сега навалува кон останување на Ванда Метрополитано.
Напаѓачот сака да го погази дадениот збор, но еден ваков потег ќе придонесе тој
да плати милионска оштета на Барса.