Бернардо Силва потврди дека по крајот на сезоната го напушта Манчестер Сити, им се заблагодари на сите и порача дека заминува како навивач на „граѓаните“ за цел живот.
Она што се најавуваше со месеци, попладнево и официјално е потврдена, Бернардо Силва ги игра последните месеци во дресот на Манчестер Сити.
„Драги „граѓани“, кога дојдов пред 9 години, бев дете со сон, да направам нешто големо во животот“ – вели Португалецот.
„ Овој клуб и овој град ми дадоа многу повеќе отколку што можев да замислам. Сè што освоивме заедно ќе го носам засекогаш во срцето, од сезоната со 100 погодоци, до тројната круна и четирите титули по ред… искрено, не беше лошо“.
„Наскоро доаѓа моментот за збогум – на градот каде што не само што победувавме, туку и каде што го изградив моето семејство. Од срце, заедно со Инес и Карлота ви благодарам!“
„Се надевам дека ја почувствувавте мојата страст на секој натпревар. Дојдов како играч на Сити, си заминувам како еден од вас – навивач засекогаш. Продолжете да го бодрите овој тим, сигурен сум дека најдоброто допрва доаѓа“.
„До клубот, Пеп и сите соиграчи, благодарам за секој момент и што бев дел од оваа приказна.“