Милан не сјае во
позитивно светло, резултатите се разочарувачки, иако клубот ветуваше многу со
амбициозниот пристап во летниот преоден рок каде се засили значително откако
доби нови газди, тоа не донесе резултати.
Ниту доаѓањето на Џенаро
Гатузо на клупата на неговиот поранешен клуб не вроди со плод, а Силвио
Берлускони, екс претседателот на Милан се изјасни околу тоа како ги доживува овие
моменти на клубот.
„Јас сум поранешен
претседател, но и натаму сум голем навивач на Милан“ истакна Берлускони кој
притоа му порача на Гатузо да направи одредени промени во поставеноста на
играта.
„Чувствувам голема болка
кога го гледам Милан во ваква ситуација, понекогаш тешко ми е цел натпревар да
изгледам бидеќи не се сложувам со селектирањето на фудбалерите а воедно и со
формацијата. Формацијата која ни донесе толку успеси е заборавена, мислам на
онаа со два централни напаѓачи, во денешниот Милан еден од нив треба да биде
Сусо а Бонавентура мора да игра зад напаѓачите како што тоа беше ситуацијата со Кака“ додаде Берлускони.