Карим Бензема
веќе 11 години го носи националниот дрес на Франција во сениорска конкуренција
каде има забележано 81 настап 27
погодоци, но бележи големи критики на негова адреса поради тоа што не ја пее
химната на Франција за време на нејзиното интонирање пред натпреварите.
Напаѓачот на Реал
Мадрид ја откри причината за тоа, вели дека таа химна асоцирала на повик на
војна, а тоа не му се допаѓало.
„Ако ги слушате
зборовите од химната, тоа нема ништо друго освен повик да се стапи во војна, оа
воопшто не ми се допаѓа“ вели Бензема.
„Големите играчи
секогаш се на мета на критики, тоа е убава продажба на тиражот за медиумите.
Доколку одиграм лош натпревар не ми е потребно да се информирам од нив за тоа,
секогаш давам максимум од себе и воопшто не ме интересира што пишуваат
медиумите за мене“ додаде тој.