387
Камерите уловија интересна дискусија помеѓу Бензема и Бејл. Кога судијата покажа на белата точка во првото полувреме на дуелот помеѓу Лас Палмас и Реал Мадрид, Велшанецот побара од Французинот да ја изведе најстрогата казна.
Сепак, Бензема не му дозволи на Бејл да шутира од 11 метри и сам прецизно го изведе пеналот. Кога во второто полувреме судијата одново досуди најстрога казна, намесно нова расправија, напаѓачот покажа класа и сам му ја даде топката на Бејл. Велшанецот потоа погоди и ги постави конечните 0-3.