Милан доживеа непријатен пораз пред своите навивачи во првиот европски натпревар оваа сезона, Бенфика славеше во Милано со 2-0 во дуел од Лига Европа.
Резултатот го отвори Лукебакио во 16. минута од натпреварот, а вториот гол беше дело на Камински по осум минути игра во вториот дел.
Сандерленд со 1-0 славеше над АЗ Алкмар, Лион со 2-1 победи на гостувањето кај Андерлехт, Селта со 1-0 загуби кај Омонија.
Најубедлива беше Спарта Прага која со 4-1 победи на гостински терен кај Арарат, Баер Леверкузен со 2-0 го совлада Целје, Динамо Загреб одигра без голови против Хапоел Бер Шева.
Немаше голови и на дуелот меѓу Штурм и Рен, Олимпијакос со 2-1 беше подобар од Јагелонија.