Џенаро Гатузо
нема по добро да го памети дебито на клупата на „Росонерите“, Милан не успеа да
го победи најлошиот тим во историјата.
Пред денешната
средба, Беневенто забележа 14. порази во низа, а попладнево беа на прагот и на
15. пораз.
Сепак, домаќините
стигнаа до првиот бод и тоа на спектакуларен начин, голманот Брињоли погоди во
95. минута, за 2-2.
Претходно, Бонавентура
во 38. минута се снајде најдобро по една мешаница во петерецот на Беневенто и
донесе водство од 0-1.
Поранешниот напаѓач
на Интер, Пушкаш погоди на стартот на вториот дел за 1-1, но Милан за кратко се
врати во водство, откако Калиниќ осамен на подалечната статива рутински ја
смести топката во празната мрежа за 1-2.
Но „Росонерите“
во завршницата грчевито се бранеа откако Ромањоли заработи втор жолт картон и
исклучување во 75. минута.
Одбраната на
гостите капитулираше во последните миговои, кога по еден прекин, голманот
Брињоли скокна највисоко и како расен стрелец го матираше Донарума за огромна
радост.