Меди Бенатија е
големиот трагичар на Јувентус откако направи прекршок за пенал над Вазкез во
финишот од реванш пресметката со Реал Мадрид, каде Италијанците имаа предност
од 0-3 и беа на прагот да преминат во продолженија, откако пред своја публика
во првата средба загубија со 0-3, но Роналдо погоди од пенал во самата
завршница.
„Ние сме премногу
тажни, ја игравме играта која сакавме да ја играме, истово му се случи и на
Баерн Минхен ланската година. Реал Мадрид е одлична екипа, но секогаш кога ќе
има некаков дуел, тие добиваат пенал и Роналдо погодува“ рече Бенатија.
„Го заобиколив
Вазкез и ја имав топата, Тој падна бидејќи едноставно немаше друг избор, освен
тоа да го стори. Можете да видите од снимките како се менува насоката, да се
досуди тој момент за пенал е апсурд“ додаде тој.