Повеќе медиуми на
Островот пренесоа дека има пресврт во случајот со Алексис Санчез, Манчестер
Сити наводно се повлекол од трката за потписот на Чилеанецот, а сега главен
фаворит за него е токму Манчестер јунајтед.
Тимот од Олд Трафорд е
подготвен да ги исплати бараните 35 милиони фунти на Арсенал, а Санчез би добил
400.000 фунти неделна плата.
Се поизвесно е дека
Пјер-Емерик Обамејанг е идеалната замена за Санчез во Арсенал, Габонецот доби
суспензија од бундеслигашот поради дисциплински причини.
Бекот на Топчиите,
Шпанецот Ектор Бељерин го додаде Обамејанг на социјалните мрежи, тој започна да
го следи на Твитер и на Инстаграм, а ова дополнително ги израдува фановите на
Арсенал кои во овие потези на Шпанецот гледаат најава за голем трансфер.