Белгијците уапсија и македонски менаџер кој е дел од големиот фудбалски скандал

by
1 минути читање

Драган Силјаноски е Македонецот кој утринава е уапсен како дел од акцијата „чисти раце“. Тој се терети за перење пари и соработка со криминалната организација одговорна за големиот скандал во Белгија.

Силјаноски е поранешен фудбалер кој играше и за Антверпен, а сегашен менаџер на неколку фудбалери кои играат во белгиското првенство.

Според белгиските медиуми, Силјаноски е менаџер и на тренерот на Бриж, Иван Леко кој беше еден од првите уапсени, па пуштен на слобода откако бил детално испрашуван.

Македонецот е менаџер и на напаѓачот на Андерлехт, Иван Сантини кој засега не е посочен како дел од скандалот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани