117
Изминатиов период
Герет Бејл повеќе пати се поврзуваше со трансфер, односно враќање во Премиерлигата,
но не во Тотенхем, од каде премина во Реал Мадрид, туку најмногу во Манчестер
јунајтед.
Постојат
информации кои велат дека првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез
сериозно размислува да го продаде Велшанецот во претстојниот летен трансфер
преоден рок.
Одредени медиуми
шпекулираат дека Бејл веќе имал понуда на маса од страна на Арсенал, но истата
ја одбил, а како причина за таквата негова одлука се наведува желбата на
Велшанецот да се пресели во редовите на Манчестер јунајтед.