Баже Илијоски ја заврши авантурата во Шкупи и повторно се врати во добро познатата средина. Тој по шести пат ќе го носи дресот на Работнички.
Илијоски е најдобриот стрелец во историјата на македонскиот прволигашки фудбал, Работнички се надева дека искусниот напаѓач ќе влијае на многу поефикасен напад во вториот дел од сезоната.
„Напаѓачот Баже Илијоски е официјално првото засилување на Работнички во зимскиот преоден рок. Тој се враќа во матичниот клуб и потпиша едногодишен договор со Работнички. Изминатите 12 месеци ги мина во Шкупи, а сега по шести пат во кариерата ќе го носи дресот на Работнички. Се работи за најдобриот стрелец во историјата на македонскиот прволигашки фудбал, искусен голгетер на кого Работнички му е „домашна“ средина. 34-годишниот Баже Илијоски е стрелец на многу важни голови за Работнички и сигурно ќе претставува големо засилување за тимот на Жиица Тасевски во вториот дел од сезоната во Првата фудбалска лига“, стои во соопштението на Работнички.