72
Мичу Батшуаи е со
својата селекција Белгија и се подготвува за утрешната контролна средба со
Саудиска Арабија.
За време на
репрезентативните обврски, напаѓачот на Борусија Дортмунд го прокоментираше
изданието на познатиот атлетичар Јусеин Болт на тренинзите на германскиот
бундеслигаш, а притоа и се пошегува на таа тема.
„Ги гледав
видеата, направи еден мајсторски потег протнувајќи ја топката низ нозете на
противникот, постигна убав гол, тој е шампион, ги надминува лимитите секој ден.
Сака да ги победи сите рекорди, се обидува да се адаптира во еден друг спорт,
тоа е класа, среќен сум за него, но се надевам дека нема да дојде и да ми го
земе местото“ рече Батшуаи.