Голем број на извори пренесуваат дека Барселона е пред ангажман на Руни Бардгџи од Копенхаген, младото момче важи за еден од најперспективните во својата генерација.
Нико Вилијамс стана главната трансфер цел на Барселона за засилување на офанзивата ова лето, но клубот од Камп Ноу работи на уште неколку други зделки.
Изминативе денови имаше многу гласини за ангажман на Руни Бардгџи од Копенхаген, а голем број на извори попладнево објавија дека паднал договор за трансфер вреден помеѓу 2 и 3 милиони евра.
Фудбалерот, кој е роден во Кувајт од сириски родители но настапува за младата репрезентација на Шведска, важи за еден од најперспективните во својата генерација и го привлекува вниманието на гигантите уште кога дебитираше во дресот на Копенхаген во Лигата на шампиони со само 16 години.
Во мај 2024 година тој доживеа голем пех на еден тренинг, заработи тешка повреда на коленото поради која беше надвор од стројот речиси една година.
Поради ова, голем број клубови го оладија интересот, но фудбалерот остана во бележникот на Барселона и „каталонците“ решија да го ангажираат ова лето.
ФОТО: X/Barcelona FC