Барселона се повлече, Арсенал ја користи ситуацијата

by
1 минути читање

Арсенал е се
поблиску до реализација на трансферот на 26 годишниот интернационалец од Брегот
на Слоновата Коска, Жан-Мишел Сери.

Според најновите
информации кои пристигнуваат, се вели дека Барселона се повлече од трката за
фудбалерот од средниот ред на Ница, а оваа ситуација ја користи Арсенал кој има
можност да добие мошне квалитетно засилување во своите редови.

Сери подолг
период беше поврзуван со неколку поголеми европски клубови, Тотенхем исто така
пријавуваше интерес за него, а тој призна дека неколку клубови го сакаат во
нивните редови, но додаде дека би ја напуштил Ница доколку некој од тие клубови
му гарантира првотимски статус.

Ница беше едно од
најпријатното изненадување низ поголемите лиги во Европа ланската сезона,
завршувајќи на третото место во Франција веднаш зад Монако и ПСЖ, а Сери со 34
настапи и 7 погодоци беше вистински мотор на тимот.

Сери инаку има
откупна клаузула во договорот со Ница која изнесува 40 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани