Дајот Упамекано,
19 годишниот фудбалер од одбраната на германски Лајпциг е на листата на желби
на каталонскиот гигант Барселона, пренесуваат повеќе медиуми.
Лајпциг го доведе
младиот Французин за само пет милиони евра, а повеќе медиуми јавуваат дека по
само неколку месеци откако го доведе во своите редови, Лајпциг го чека
заработка од цели 100 милиони евра, онолку, колку што Барселона сака да издвои
за него.
Според
информациите, Дајот Упамекано ќе биде главна цел на Барселона, што се однесува
до одбранбената линија, по заминувањето на Маскерано во јануарскиот преоден рок
и неизвесноста околу Умтити, а Ернесто Валверде има мала доверба во Вермален,
како и Мина.
За потписот на
Упамекано истовремено интерес имаат пријавено и Баерн Минхен, Манчестер
јунајтед, Арсенал, како и Милан.