Барселона и Манчестер Сити „загреани“ за Бонучи?

by
1 минути читање

Барселона и Манчестер
Сити се загреани за Леонардо Бонучи, фудбалерот на Милан, а како што
пристигнуваат информациите од неколку медиуми, двата клуба ќе водат битка за
дефанзивецот во јануарскиот преоден рок.

Бонучи важи за еден од
најдобрите фудбалери во светот кој игра во дефанзивната линија, но се чини дека
тешката ситуација во која се најде Милан изминатиов период, особено по
катастрофалните резултати на клубот одредени клубови ќе се обидат да ја
искористат ситуацијата.

Популарниот Лео
изминатиот летен преоден рок направи сензационален трансфер преминувајќи во
Милан од редовите на лутиот ривал Јувентус за сума од 42 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани