Барселона го продава името на стадионот, „Камп Ноу“ заминува во историјата

by
1 минути читање

Според информациите кои
пристигнуваат од Шпанија, Барселона планира да инвестира околу
600 милиони за реновирање на фудбалската арена на која
настапува, популарната „Камп Ноу“.

Претседателот на
каталонскиот гигант, Жозеп Мари Бартомеу откри дека клубот има преговори со
неколку компании кои би ги осигурале половина од планираните активности, а
притоа дека од клупската продажба на името Барселона би можела да заработи над
200 милиони евра.

Капацитетот на арената
од близу сто илјади гледачи, би се зголемил на околу 105 илјади места а
реновирањето е предвидено да заврши во 2021. година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани