64
Барселона тврди дека не прекршила ниту едно правило во случајот со Гризман.
„Барселона не преговарала со ниту еден фудбалер, па не е прекршено ниту едно правило“, вели портпаролот на клубот за весникот „Марка“.
Причината за тужбата на Атлетико Мадрид се зборовите на Гиљермо Амор кои инсинуираа дека клубот имал контакт со претставници на играчот.
Доколку се воспостави дека Барселона ги прекршила правилата може да добие казна и до забрана за купување на фудбалери во два преодни рока.