Барса жртвува четворица играчи за да им каже добредојде на Гризман и Артур

by
1 минути читање

Барселона креираше
фантастична офанзива откако покрај Луис Суарез и Лео Меси ги додаде Осман
Дембеле и Филипе Кутињо, но „Каталонците“ нема да застанат тука и планираат да
донесат уште едно звучно име.

Се работи за
Антоан Гризман, медиумите шпекулираат дека Французинот веќе се има договорено
со Барса и летоска ќе биде активирана неговата откупна клаузула вредна 100
милиони евра.

За сезоната
2018/19, Барселона има договорено уште едно засилување, се работи за
талентираниот Артур кој треба да пристигне од Гремио за 40 милиони евра.

Клубот од Камп
Ноу ќе треба да се раздели со неколку фудбалери за да се отвори простор за
двете големи засилувања, а според медиумите од Шпанија, на четири имиња им виси
иднината.

Се работи за
Андре Гомеш и Денис Суарез, кои се чини дека не се вклопуваат во плановите на
Ернесто Валверде, како и Алеш Видал и Пако Алкасер, кои и онака не добиваат
премногу шанса и само дополнително ќе им се намали минутажата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани