Барса во понеделник ќе достави нова жалба, но веќе има и план Б за регистрација на Олмо

by bojan
1 минути читање
Олмо

Барселона во понеделник ќе достави нова жалба со цел по судски пат да обезбеди регистрација на Дани Олмо и Виктор Пау, но „каталонците“ во исто време работат и на план Б.

Дани Олмо е регистриран до 31. декември, во неговиот договор има клаузула со која Шпанецот може да стане слободен играч доколку не е регистиран за продолжението од сезоната, па на „каталонците“ им гори под нозе.

Денеска тие имаа неуспешен обид по судски пат да обезбедат регистрација, Ла Лига ја доби првата правна битка.

Сепак, Барса не се откажува и во понеделник ќе достави нова жалба до повисок суд, тие ќе спорат дека кога го ангажирале Шчесни, не ја искористиле целата сума од платата на Тер Штеген и имаат доволно простор за да биде регистриран Олмо.

Во исто време, се работи и на план Б, односно обезбедување екстра приход со кои ќе се подобри финансиската ситуација.

Една опција е да се продаде ВИП ложата на новиот Камп Ноу, но ова ќе значи изгубен иден приход. Понудата која сега би ја добиле е околу 120 милини евра, додека проекциите велат дека летоска би можело да се добие и сума од околу 200 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани