94
Барселона имаше одлична увертира пред дуелот со ПСЖ во Лигата на Шампионите.
Попладнево,
избраниците на Луис Енрике славеа со убедливи 0-6 на гостувањето кај Алавес.
Резултатот го
отвори Суарез во 37. минута, а потоа Нејмар зголеми на 0-2 во 40. минута.
По еден час игра,
Меси погоди за 0-3 а домаќините се распаднаа и за неколку минути доживеаа
дебакл.
Алексис си постигна автогол во 63. минута, Ракитиќ 120 секунди подоцна биеше
прецизно за 0-5 а веќе во 67. со вториот гол на Суарез, Барса имаше високи 0-6.