103
„Каталонците“ му
даваат малку надеж на Атлетико во трката за титулата откако неочекувано кикснаа
против Гетафе на Камп Ноу.
Веројатно во
своето најлошо издание оваа сезона, Барса за прв не успеа да постигне гол во
Примера и одигра само 0-0.
Колку беше очајно
изданието на избраниците на Валверде говори фактот дека немаа шут во рамките на
голот во текот на првото полувреме.
Во второто полувреме
Барса заигра подобро, особено откако Иниеста влезе во игра, но Гетафе на голот
го имаше одличниот Гуита, кој не дозволи неговата мрежа да биде затресена.