Барса победи на „Метрополитано“, но Атлетико слави полуфинале, ПСЖ не дозволи драма (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Атлетико Мадрид и ПСЖ се првите полуфиналисти во Лигата на шампионите оваа сезона.

Барселона имаше одличен старт на натпреварот, постигнувајќи гол уште во четвртата минута по грешка во одбраната на Атлетико Мадрид, кога Ламин Јамал го отвори резултатот.

Предноста на „јорганџиите“ од два гола брзо беше анулирана, откако во 24. минута Феран Торес погоди за 2-0. Само минута подоцна Барселона беше блиску и до трет погодок, кога Фермин Лопез се најде во идеална позиција, но неговиот удар го одбрани голманот Хуан Мусо. Во таа ситуација постоеше и ризик од посериозна повреда, бидејќи Лопез незгодно падна врз отворениот ѓон од копачката на противничкиот чувар на мрежата.

Адемола Лукман ја искористи првата посериозна шанса за Атлетико и намали на 2-1 по половина час игра и така ја врати вкупната предност на страната на Атлетико.

Во второто полувреме Феран Торес повторно се запиша во листата на стрелци, но неговиот погодок беше поништен поради офсајд.

И покрај обидите да се дојде до трет гол, ситуацијата се искомплицира за каталонците кога на десетина минути пред крајот Ерик Гарсија заработи исклучување.

Во таква ситуацвија, Барса не успеа да дојде до трет гол и продолженија, па четатата на Симеоне слави полуфинале.

ПСЖ против Ливерпул не дозволи никакво изненадување и со уште еден сигурен триумф од 2-0 се пласираше меѓу најдобрите четирил

Можно е и ова да ти се допаѓа

×