Барса новиот Чави го најде во Гремио, договори 40 милиони евра вредно засилување за 2019

by
1 минути читање

Барселона подолго време се обидува да го ангажира талентираниот Бразилец, дури и го навлече гневот на Гермио откако Артур позираше со дрес на гигантот од Каталонија.

И покрај тоа што имаше најави дека Гремио ќе достави жалба до ФИФА, двата клуба најдоа начин како да ги надминат недоразбирањата и да договорат трансфер вреден 40 милиони евра.

Како што пренесуваат медиумите од Шпанија и Бразил, спортскиот директор Роберт Фернандез вчера имал средба со преставници на Гремио и Жорж Мачадо, агентот на играчот.

Тие си подале рака за зделка вредна 30 милиони евра, плус уште додатни 10 милиони евра во бонуси. Трансферот нема да се реализира веднаш, Артур ќе остане во Гремио и ќе се пресели на Камп Ноу во јануари 2019.

21 годишниот фудбалер од средниот ред е еден од најголемите бисери на бразилскиот фудбал и се споредува со легендата на „Каталонците“, Чави.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани