Барса и Жирона одбија да играат во знак на протест, Ла Лига сакаше да го „скрие“ моментот во преносот (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Натпреварот меѓу Барселона и Жирона во Ла Лига започна на необичен начин, откако фудбалерите на двата тима одбија да играат во првите 15 секунди како знак на протест против одлуката на шпанската Ла Лига.

Причината за револтот е одлуката мечот меѓу Барселона и Виљареал, закажан за декември, да се одигра во Мајами. Каталонските клубови јавно изразија незадоволство од идејата да патуваат илјадници километри само за еден натпревар, оценувајќи дека ваквиот потег не е во интерес ниту на играчите ниту на навивачите.

Барселона доби поддршка и од други тимови во шпанскиот шампионат, кои сметаат дека одлуката на лигата е донесена без консултација со клубовите и дека го нарушува интегритетот на натпреварувањето. Како реакција, Ла Лига реши да не ги пренесува првите 15 секунди од натпреварот, па телевизискиот пренос започна дури кога играчите ја продолжија играта.

Сличен протест имаше и на дуелот меѓу Реал Овиедо и Еспањол одигран на 17 октомври, што покажува дека незадоволството меѓу шпанските клубови расте.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×