„Каталонците“ се
без класичен десен бек откако пред десетина дена тешка повреда заработи Алеш
Видал и за него сезоната е завршена.
Правилата и
дозволуваат на Барселона да ангажира нов играч надвор од преодниот рок, па
лидерите на клубот веднаш составија леста со желби.
Според пишувањето
на Спорт, списокот сега е скратен на две финални имиња.
Се работи за
Роберто Росалес од Малага и Хуанфран од Депортиво, и Барса веќе оствариле
контакт со нив.
Двајцата играчи
се вклопуваат во спортските и економските услови кои клубот ги поставил, и конечна одлука ќе биде
донесена кон крајот на неделата.
Хуанфран чини
околу 8 милиони евра, додека пак Росалес се проценува на 6 милиони евра.
Во моментов
двајцата играчи се гледаат само како краткорочно решение, но доколку добро се
вклопат на Камп Ноу ќе останат подолго. Во спротивно, Барса ќе ги продаде веќе
летоска.