Енис Барди денеска го постигна петтиот гол од слободен удар оваа сезона. Тој влезе во клупската историја бидејќи ниту еден фудбалер на Леванте не успеал да постигне толку голови од слободен удар во една сезона.
Македонскиот репрезентативец е вистински крал на слободните удари бидејќи од седумте постигнати голови во својата деби сезона во Примера, само два му се од игра.
Многу ретко се случува некој во една сезона да постигне толку погодоци од слободен удар.
Оваа сезона Барди има пет гола од слободен удар, а Меси шест. Претходно во Примера, Роналдињо во 2006/2007 дал шест гола, Перина во сезоната 05/06 дал пет, и Маркос Асунсао во 04/05 дал пет гола од слободен удар.
5 – Last 5 players with 5+ direct free-kick goals in a single La Liga season:
1 – Marcos Assunção (5/49 en 04/05)
2 – Mariano Pernía (5/24 05/06)
3 – Ronaldinho (6/49 en 06/07)
4 – Lionel Messi (6/48 en 17/18)
5 – ENIS BARDHI (5/16 en 17/18).Specialist.
— OptaJose (@OptaJose) May 7, 2018