Македонскиот репрезентативец игра фантастично откако на клупата седна Пако Лопез, во овој период постигна пет гола, вкупно девет оваа сезона, а два од нив беа синоќа против Барселона во мечот кој Леванте го доби со 5-4.
„Овој тим е многу добар, можеме да победиме било кого. Ова беше одлична вечер за нас. Тешко ни беше бидејќи игравме против Барселона, но победивме и сум многу среќен“, вели Барди.
„Одигравме многу добро, со голема самодоверба. Среќен сум за головите. Сонував да постигнам гол против Барселона и да му помогнам на тимот. Треба и наредната сезона да продолжиме со вакви игри“.
Доколку се земат во предвид само последните десет натпревари, Леванте е најдобриот тим во Примера.
„Ни недостасуваше нешто кое сега го имаме, верба. Ова е одлична група и тоа е причината поради која победуваме“.