Нашата селекција
се комплетираше со доаѓањето на капитенот Горан Пандев, избраниците на Игор Ангеловски
денеска тренираат во малото швајцарско место Фусисберг, а утре ќе заминат за
Вадуц пред дуелот со Лихтенштајн, противник кого во Скопје го добивме сигурно
со 4-1.
Трпеливост и
концентрација, тоа е она што посакува нашиот тим да го има во петок,
репрезентативецот Енис Барди, тој додава дека домаќинот сигурно ќе сака да го
поправи впечатокот од мечот во Скопје претходно.
„Сигурен сум дека
секој од себе ќе го даде најдоброто од себе за да ја оствариме целта и да
победиме против Лихтенштајн. Мораме да бидеме трпеливи и концентрирани, а тогаш
ќе дојдат до израз нашите квалитети. Во Скопје одигравме одлично, но, тој
резултат не смее да не залажува бидејќи Лихтенштајн сигурно ќе сака да го
поправи впечатокот пред домашната публика. Свесни сме за важноста на
натпреварот и треба да одиграме тактички добро и организирано“ рече Барди.
Дуелот се игра во
петок со почеток од 20 часот и 45 минути, а последниот меч од оваа фаза нашите
репрезентативци го играат против Гибралтар на 19 ноември на арената „Филип
Втори“ во Скопје.