71
Леванте беше на
добар пат да се пласира помеѓу најдобрите осум екипи во Копа дел Реј откако минатата
недела издвојува голема победа на гостувањето во Барселона кај Еспањол и
славеше со 1-2.
Сепак, избраниците
на Муњиз наместо вечерва само да го потврдат пласманот во четврт-финале, тие
загубија со 0-2 пред своите фанови и доживеаја елиминација.
По една брза
контра, Лео Баптистао го отвори резултатот во 14. минута, а по една
катастрофална реакција на добраната, Жерард Морено погоди за 0-2 во 38. минута.
Леванте, за кого Енис Берди одигра 90 минути, во
вториот дел ја погоди пречката, но мрежата на гостите остана незатресена па
Еспањол на крајот се радуваше на прогрес во следната рунда од Купот на Шпанија.